Речникот на љубовта се шири: 5 нови (неофицијални) јазици на љубовта кои веќе ги користиме

Кога беше објавен бестселерот на Гери Чепмен, „Петте јазици на љубовта“ (The Five Love Languages), целиот свет стана посвесен за артикулирањето и управувањето со емоциите. Квалитетното време, чиновите на служење, зборовите на потврда, давањето подароци и физичкиот допир постепено станаа задолжителен дел од емоционалното воспитување и култура. Подоцна, на овие јазици беа додадени и емоционалната сигурност и заедничките искуства. Меѓутоа, нови јазици на љубовта и понатаму се откриваат, односно се препознаваат.

ljubovta-5338-fi

Извор: Freepik

Разговорите за емоционалната интелигенција, стиловите на приврзаност и обрасците на однесување во врската станаа дел од нашиот секојдневен речник на начин на кој не беа пред десет години. Како што се шири нашата свест за здравите врски, така се продлабочува и квалитетот на нашите односи.

Речникот на љубовта штотуку се прошири за уште пет неофицијални јазици на љубовта кои и досега ги користевме, но не ги препознававме на тој начин:

  1. Уважување на личните ситници и спомени на партнерот
  2. Негување мали заеднички ритуали
  3. Паметење на необичните навики на партнерот
  4. Заедничко лудување и разиграна спонтаност
  5. Емоционална безбедност

Емоционалниот тон на новите јазици на љубовта

1. Уважување на личните ситници и спомени на партнерот

Кога влегуваме во врска, ја носиме нашата историја со себе. Фотографиите, книгите, семејното наследство и случајните сувенири не се само „нешта“, туку делови од нашиот идентитет. Партнерот кој прави простор за овие предмети во заедничкиот живот ја покажува својата вистинска посветеност.

  • Знаци дека ова е ваш јазик: Сентиментални сте кон предметите; ви значи кога некој прави физички простор за вашите нешта; се чувствувате повредено кога партнерот ги третира вашите спомени како „обични предмети“.

2. Негување мали заеднички ритуали

Ова се микро-традиции и интерни шеги кои постојат само во вашата врска. Тоа можат да бидат мали нешта, како јадење бурек во сабота наутро, гледање одреден филм кога некој е болен или користење прекар кој никој друг не го знае.

  • Знаци дека ова е ваш јазик: Повеќе цените интерни шеги отколку јавни изрази на наклонетост; сакате ритуали кои се „само ваши“; блискоста ја мерите според заедничките референци.

3. Паметење на необичните навики на партнерот

Сржта на овој јазик е вниманието. Луѓето кои резонираат со овој јазик се чувствуваат „видени“ кога партнерот ќе запомни специфична навика или преференција. Тоа покажува дека партнерот навистина ве слуша и ве сака поради вашата индивидуалност.

  • Знаци дека ова е ваш јазик: Се чувствувате сакано кога некој се сеќава на ситни детали; се чувствувате најсигурно со некој што ги предвидува вашите потреби; вашиот идеал за интимност е да бидете „сфатени без објаснување“.

4. Заедничко лудување и спонтаност

Овој јазик се манифестира преку хумор и леснотија, танцување во кујна додека се подготвува вечера, размена на смешни мемиња во текот на работниот ден или разиграно задевање. Смеата е она што спречува врската да стане чисто „логистичка“ и организациска.

  • Знаци дека ова е ваш јазик: Хуморот е вашиот најбрз начин на поврзување; флертувате преку задевање; предолгата сериозност прави да се чувствувате непорвзано со партнерот.

5. Емоционална безбедност

Додека емоционалната сигурност се однесува на стабилноста на врската, емоционалната безбедност се фокусира на тоа како партнерот реагира на вашата ранливост. Тоа е чувство дека ако се вратите дома вознемирени, партнерот нема да експлодира или да ве игнорира, туку ќе реагира мирно и поддржувачки.

  • Знаци дека ова е ваш јазик: Доследноста ви значи повеќе од големи романтични гестови; обрнувате внимание на тонот на гласот за време на конфликт; длабоко се опуштате покрај партнер кој е стабилен наместо реактивен.

Како овие јазици ги поддржуваат здравите врски?

Овие неофицијални јазици не ги заменуваат оригиналните пет, туку додаваат нијанси кои помагаат во усовршување на љубовта. Нивното разбирање ви дава речник со кој можете подобро да ги комуницирате потребите. Наместо да кажете „се чувствувам лошо“, можете да кажете „ми значи кога се сеќаваш на ситните детали за мене“. Јазиците на љубовта се алатки кои ни помагаат да изградиме врски кои се чувствуваат лично, безбедно и уникатно.

Извор: wannabemagazine.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.