Некои има луѓе што ја сакаат кората, повеќето сè уште веруваат дека таа не е толку вкусна како меката средина на лебот. Ова мислење потекнува од времето кога корите биле потврди, но навиката останала до денес, па затоа продавниците продолжуваат да ги отстрануваат, едноставно затоа што купувачите го очекуваат тоа.
Некои компании, како „Yamazaki Baking Co., Ltd.“, што ја произведува линијата „Lunch Pack“, се трудат да не ја фрлаат кората: ја даваат за сточна храна или ја користат во други пекарски производи. Но тоа не го прават сите. Затоа оваа долгогодишна практика често завршува со непотребно фрлање храна.Леб со бела кора
Но, што ако кората би била еднакво вкусна како и средината на лебот и не би морала да се отстранува? Тоа била идејата зад новиот вид „shokupan“ леб што го разви „Imperial Hotel Co., Ltd.“.
Хотелот претходно ги отстранувал корите кога служел сендвичи, но од 1 октомври почна да продава сендвичи направени од овој нов леб со кори. Сендвичите се достапни во деликатесната продавница „Gargantua“, луксузна пекара која уште од 1971 година ги опслужува гостите на хотелот и локалната заедница.
Недостиг на храна
Шефот на кујна од Токио, Chef Sugimoto, кој активно ги промовира целите за одржлив развој на Обединетите нации преку гастрономијата, го предводеше развојот на новиот концепт. Наместо да бара начин како да ги рециклира отсечените кори, тој одлучи да направи леб кој воопшто нема да мора да се фрла.
По околу шест месеци експериментирање, тимот го осмислил „белиот леб со нова текстура“, кој ја елиминира потребата за сечење и фрлање на кората.
Новоразвиениот леб се пече побавно и на пониска температура отколку класичниот „shokupan“, поради што текстурата е повлажна, а лебот останува мек и бел сè до самата кора. Покрај белиот леб, во понудата ќе има и жолт леб направен со пире од моркови.
Компанијата планира постепено да ги унапреди своите производствени погони за да ја прошири употребата на овој леб на сендвичите што се служат во рестораните и на банкетите во рамките на „Imperial Hotel Co., Ltd.“, со цел до крајот на фискалната 2023 година целосно да ги елиминира загубите на храна поврзани со отстранувањето на кората од лебот.
Извор: odrzime.rs