Забраната ќе стапи на сила за Новата 2026 година, што значи дека овогодинешната прослава ќе биде последна во која граѓаните ќе можат легално да палат огномет пред своите домови.
Оваа одлука е кулминација на долгогодишната кампања предводена од лекари, итни служби и други општествени сектори, со цел да се стави крај на традиционалното новогодишно „експлодирање“ на петарди и огномети, кои, според DutchNews, секоја година предизвикуваат стотици повреди и милионски штети на приватниот имот.
Претставничкиот дом ја одобри мерката уште во април, откако либералната партија го смени својот став и одлучи да ја поддржи. Против гласаа само екстремно десничарските партии и Социјалистичката партија.
Одлична вест за луѓето и животните
Естер Оувеханд, лидерка на партијата за заштита на животните и еден од најгласните поддржувачи на мерката, го поздрави гласањето во Сенатот како „одлична вест за луѓето и животните“. Таа истакна дека нејзината партија се бори за оваа промена повеќе од 20 години.
Досега, 19 холандски градови имаа локални забрани, иако тие најчесто беа игнорирани. Сега, мерката ќе важи на национално ниво.
Различни анкети покажуваат дека јавноста во голема мера ја поддржува забраната: истражување на Ipsos од крајот на минатата година посочува дека 57% од граѓаните би гласале „за“ на референдум. Други истражувања, како оние на RTL (60%) и EenVandaag (64%), исто така ја потврдуваат оваа поддршка.
AnimaNaturalis го слави овој голем чекор
Во AnimaNaturalis сe интернационална непрофитна организација која ги штити правата на животните и ја подига свеста за негативното влијание на пиротехниката врз животните, чувствителните лица и животната средина. Уште во 2018 година ја започнале кампањата за „тивок огномет“.
Одлуката на Холандија покажува дека е можно да се движиме кон посочувствително и безбедно општество. Шпанија треба да го следи истиот пример и конечно да ја забрани продажбата на петарди и огномет на приватни лица.
Извор: odrzime.rs