Главната карактеристика на новиот концепт е елиминирањето на класичниот процес на чекање одобрување во банка. Граѓаните ќе можат да аплицираат директно во новиот салон и, доколку ги исполнуваат условите, да ја подигнат активната кредитна картичка во рок од 10 минути.
Извор: Diners Club Macedonia
Од компанијата појаснуваат дека Diners Now има за цел да понуди алтернатива за корисниците кои имаат потреба од инстант финансиски средства, но бараат сигурен производ со јасни услови.
Извор: Diners Club Macedonia
„Свесни сме дека модерното темпо бара инстант решенија, но потрошувачите повеќе не сакаат да прават компромис со квалитетот и довербата. Diners Now е нашиот одговор на тоа барање. Ја прескокнуваме бирократијата и долгото чекање, но го задржуваме комплетниот кредибилитет на брендот. Ова е паметен финансиски пристап за луѓе кои го ценат своето време,“ вели Тони Јанковски, директор за иновации и развој во Diners Club Македонија.
Извор: Diners Club Macedonia
Со овој чекор, Diners Club директно одговара на потребите на модерното секојдневие, нудејќи паметен и брз пристап до квалитетен финансиски производ. Diners Now ги задржува сите препознатливи придобивки на класичната Diners картичка, но со зголемена агилност и дополнителна флексибилност при подигнувањето готовина. Процесот на апликација е поедноставен и се завршува на лице место со помош на агентите во салонот. Планот за ширење предвидува отворање на салони низ цела Македонија во период од две години.
Извор: Diners Club Macedonia