Знаеме кои ќе бидат главните ликови во петтата сезона на серијата „Bridgerton“

Веќе некое време знаеме дека „Bridgerton“ ќе се врати со петта (и шеста) сезона, но сега конечно имаме појасна слика за тоа како би можеле да изгледаат наредните продолженија. Иако четвртата сезона е сè уште свежа во сеќавањето, вниманието полека се префрла кон она што доаѓа.

bridgerton-5417-fi

Извор: instagram.com/bridgertonnetflix/netflix

Еве сè што знаеме досега за петтата сезона.

Кој е во фокусот?

За сите фанови на Елоис Бриџертон ќе мора да почекате уште малку. Петтата сезона се фокусира на Франческа Бриџертон и нејзиниот однос со Михаела Стирлинг. Нивната приказна почна да се развива на крајот од четвртата сезона, кога Франческа останува вдовица, а Михаела ѝ нуди утеха. Токму тој почетен емотивен момент наговестува дека нивната врска во продолжението би можела да прерасне во нешто многу поинтензивно.

Интересна трага за ова даде и шоуранерката Џес Браунел, која на премиерата на четвртата сезона носеше две шамичиња со иницијалите „Е“ и „Ф“, потврдувајќи дека двата лика ќе добијат свои сезони, но без да го открие точниот редослед до сега.

За што ќе се работи во новата сезона?

Иако серијата е инспирирана од книгите, приказната делумно ќе отстапува од оригиналот. Во романот, по смртта на сопругот Џон, Франческа развива однос со неговиот братучед Мајкл. Меѓутоа, во серијата овој лик е реинтерпретиран како Михаела, па фокусот ќе биде на queer (sapphic) љубовна приказна.

Според официјалниот синопсис, петтата сезона ја следи повлечената Франческа, средната ќерка на семејството Бриџертон. Две години по смртта на сопругот, таа одлучува да се врати на „пазарот за бракови“ од практични причини. Сепак, кога Михаела се враќа во Лондон, Франческа почнува да ги преиспитува своите одлуки, балансирајќи помеѓу разумот и сопствените емоции.

Кој ја толкува Михаела Стирлинг?

Ликот на Михаела веќе беше претставен, а го толкува актерката Масали Бадуза. Џес Браунел ја истакна нејзината одлична хемија со Хана Дод (која ја игра Франческа), нагласувајќи ја нивната способност да пренесат длабоки емоции преку суптилни изрази и гестови.

Кога започнува снимањето?

Снимањето на петтата сезона веќе започна во март 2026 година, а продукцијата повторно се одвива на локации низ Обединетото Кралство. Доколку серијата се држи до досегашниот распоред, снимањето би можело да трае околу осум месеци. Тоа значи дека премиерата можеме да ја очекуваме во текот на пролетта или летото 2027 година, иако официјалниот датум сè уште не е потврден.

Што знаеме за шестата сезона?

Шестата сезона ќе ѝ биде посветена на Елоис Бриџертон. Нејзината приказна го следи допишувањето со Сер Филип, вдовец и татко на две деца. Нивната комуникација со текот на времето прераснува во нешто повеќе, што води кон предлог за брак и одлука на Елоис да им пркоси на општествените правила за да го запознае лично.

Извор: wannabemagazine.com

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.