Просторот е уреден како традиционален ресторан со романтична атмосфера, само што масите се поставени за едно лице со држач за телефон пред секое место, на кој се наоѓа AI партнерот преку апликацијата EVA AI. Посетителите, со преземање на апликацијата, можат да креираат и да „излегуваат“ со дигитален сопатник во живо со новите функции како што е гласовен разговор во живо (live voice chat).
Организаторите истакнуваат дека идејата е овој концепт да биде пример како вештачката интелигенција може да биде дел од емоционалните искуства на луѓето, особено на оние кои чувствуваат замор од класичните апликации за запознавање или имаат социјална анксиозност. Критичарите укажуваат на тоа дека ваквиот пристап отвора прашања за границата помеѓу технологијата и вистинската блискост и за тоа што значи интимноста во дигиталната ера.
Извор: webmind.rs