Три децении од раѓањето на овцата Доли, првиот успешно клониран цицач

На 5 јули 1996 година, во Roslin Institute во Шкотска се родила овцата Доли, првиот цицач во светот што успешно бил клониран од клетка на возрасна единка.

doli-6004-fi

Извор: Magnific/kamchatka

Првично означена со шифрата „6LL3“, подоцна јагнето го добило името по пејачката и актерка Доли Партон. Според истражувачите, името го предложил еден од сточарите што учествувал во нејзиното раѓање, откако дознал дека животното е клонирано од клетка на млечната жлезда.

Клетките биле земени од вимето на шестгодишна овца и одгледувани во лабораторија со помош на микроскопски игли, користејќи метод кој првпат бил применет во постапките за ин витро оплодување кај луѓето во текот на 1970-тите години.

Откако научниците создале повеќе нормално развиени ембриони, тие биле имплантирани во сурогат-овци. По 148 дена, една од нив ја родила Доли.

Раѓање што го промени светот

Веста за раѓањето на Доли била објавена дури во февруари 1997 година и предизвикала огромен интерес и дебати ширум светот.

Поддржувачите на технологијата сметале дека клонирањето може да донесе револуционерни достигнувања во медицината. Меѓу потенцијалните придобивки ги наведувале создавањето генетски модифицирани животни што еден ден би можеле да бидат донори на органи за луѓето, како и таканареченото терапевтско клонирање – процес на создавање ембриони за добивање матични клетки кои би можеле да придонесат за развој на терапии за невродегенеративни заболувања, како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

Некои научници сметале и дека клонирањето би можело да помогне во зачувувањето на загрозените животински видови.

Етички дилеми и стравови

Од друга страна, критичарите предупредувале дека новата технологија носи сериозни етички и безбедносни прашања, особено доколку следниот чекор би било клонирањето на луѓе, што многумина го сметале за логично продолжение на развојот на оваа технологија.

Краток живот, но огромно научно наследство

Во текот на својот живот, Доли се парела со овен по име Дејвид и родила вкупно четири јагниња.

Во јануари 2002 година ѝ бил дијагностициран артритис на задните нозе, што повторно ја отворило дебатата дали здравствените проблеми се последица на генетски неправилности настанати при процесот на клонирање.

Откако заболела од прогресивно белодробно заболување, Доли била успиена на 14 февруари 2003 година, на само шестгодишна возраст.

Нејзината прерана смрт дополнително ги засилила расправите за безбедноста на клонирањето, и кај животните и кај луѓето.

Симбол на една научна револуција

По смртта, Доли била препарарана, а денес е изложена во Националниот музеј на Шкотска во Единбург, каде што останува симбол на едно од најзначајните научни достигнувања на современата биологија.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.