Општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, одлучи да стави крај на долгогодишната практика на заземање места на јавните плажи со оставање пешкири, чадори за сонце, лежалки и друга опрема со часови, па дури и денови однапред.
Известувања поставени на плажите
На повеќе плажи веќе се поставени официјални известувања со кои посетителите се информираат дека оставањето лични работи без присуство повеќе не е дозволено. Целта на оваа мерка е јавните плажи да бидат подеднакво достапни за сите капачи, без „резервирани“ места.
Според новите правила, сопствениците имаат рок од 24 часа да ја отстранат оставената опрема. По истекот на тој рок, комуналните служби имаат право да ја отстранат и да ја третираат како напуштен имот, без обврска да му ја вратат на сопственикот.
Слободен пристап до јавните плажи
Одлуката е донесена во согласност со грчките прописи кои гарантираат слободен пристап до јавните плажи и спречуваат нивно незаконско присвојување.
Тоа во пракса значи дека секој што ќе се обиде да „резервира“ место со оставање пешкир или чадор за сонце ризикува, кога ќе се врати, да затекне празно место и да остане без својата опрема.
Многу туристи и локални жители ја поздравија оваа мерка, сметајќи дека конечно ќе стави крај на практиката најдобрите места на плажа да се заземаат уште рано наутро и ќе овозможи поправедно користење на крајбрежјето во текот на летната сезона.
Извор: bizlife.rs