Повеќе од половина од Европејците признаваат дека во јавност погледнуваат во телефонот на непознато лице

Додека милиони Европејци се подготвуваат за велигденскиот викенд, новото истражување на компанијата Samsung покажува дека јавните простори станаа „заеднички екрани“: 56% од испитаниците наведуваат дека случајно погледнале во телефонот на непознато лице, додека јавниот превоз се издвојува како место каде што е најлесно да се забележи туѓ екран (57%). Речиси секој четврти Европеец (24%) признава дека од љубопитност погледнал во туѓ телефон, при што се изложува низа приватни содржини, од лични фотографии до банкарски податоци.

evropejci-5458-fi

Извор: DALL - E3

Компанијата Samsung анкетираше 11.000 Европејци за да го поддржи лансирањето на моделот Galaxy S26 Ultra, кој носи вграден Privacy Display. Оваа нова хардверска технологија овозможува содржината на екранот да биде видлива само директно однапред, со што се штити приватноста од страничните агли, без нарушување на квалитетот на приказот.

Истражувањето дополнително укажува на раскокор помеѓу перцепцијата на приватноста и реалноста: додека 48% веруваат дека нивното користење на телефонот е приватно во метеж, 52% сметаат дека е лесно да се види туѓ екран во јавност. И покрај тоа што повеќе од четвртина (28%) ја игнорираат таквата ситуација или веднаш го тргаат погледот (27%), 7% признаваат дека продолжуваат дискретно да набљудуваат.

Исто така, 38% од испитаниците наведуваат дека избегнале или одложиле одредени активности на телефонот во јавност поради можноста некој да го види нивниот екран, што укажува на јасна потреба за поголема контрола над видливоста на дигиталната содржина.

Од пораки до пари: што сè може да биде изложено

Речиси половина од испитаниците (49%) имале впечаток дека некој гледа во нивниот екран во јавност. Мнозинството прифаќа дека не постои целосно приватно користење на телефонот во јавност; само 21% сметаат дека употребата на паметен телефон во јавност е приватна активност.

Иако корисниците се свесни за овој ризик, резултатите покажуваат дека информациите кои стануваат видливи често се неочекувано лични. Третина (33%) од Европејците наведуваат дека во јавност виделе лична содржина на туѓ телефон, додека 27% велат дека виделе нешто што сметаат дека не требало да го видат.

Најчесто видените содржини вклучуваат:

  • Лични фотографии / галерија – 38%
  • Лице или глас на лицето за време на видео повик – 33%
  • Лични пораки (на пр. од партнерот) – 29%
  • Нотификации или профили на социјалните мрежи – 27%
  • Online купување – 17%
  • Известувања/Апликации за запознавање – 12%
  • Банкарско салдо или детали за сметката – 11%

Овие ситуации се главно ненамерни и се случуваат во секојдневни околности. Токму тоа ја создава „случајната публика“, луѓе кои ја гледаат содржината на туѓиот екран само затоа што им е во видното поле додека немаат што друго да прават освен да гледаат околу себе. Дури 57% од испитаниците го наведуваат јавниот превоз како најчесто место каде што се гледа нечиј екран, потоа чекањето во ред (на пример во супермаркет) со 35% и 13% престојот во барови, ресторани или кафулиња.

Сè поголем нагласок на заштитата на личните податоци

Како што стануваат посвесни дека другите можат да го видат нивниот екран во јавност, корисниците сè почесто го менуваат начинот на користење на телефонот.

Додека само 9% тврдат дека не реагираат кога ќе почувствуваат дека некој гледа во нивниот екран, 42% велат дека престануваат да го користат телефонот во тој момент. Само 10% би реагирале директно и би се соочиле со личноста.

Поради страв дека некој би можел да го види нивниот екран, Европејците ги одложуваат или избегнуваат активностите како што се: банкарски операции (62%), внесување лозинки (49%), читање приватни пораки (43%).

Овие промени укажуваат на измена во начинот на кој луѓето размислуваат за приватноста, не само како нешто со што се управува преку поставките на уредот, туку и како нешто што зависи од опкружувањето.

Со Privacy Display на моделот Galaxy S26 Ultra, корисниците добиваат нова алатка за заштита на информациите, заедно со постоечките навики кои придонесуваат за зачувување на приватноста. Приватноста долго време е во фокусот на компанијата Samsung, а Privacy Display го претставува најновиот чекор во заштитата на личните податоци во клучните моменти, со поддршка од седум години безбедносни ажурирања кои го одржуваат тоа ниво на заштита низ времето.

Бенџамин Браун, главен директор за маркетинг на Samsung Europe, изјави: „Вашиот телефон е една од најличните работи што ги поседувате, во него се вашите фотографии, банкарски податоци, пораки и многу повеќе. Речиси секојдневно користам јавен превоз и последното нешто што го сакам е личноста до мене да гледа што се наоѓа на мојот екран. Затоа во Galaxy S26 Ultra го вградивме Privacy Display, со цел она што е на вашиот екран да остане само ваше.“

Истражувањето опфати 11.000 корисници на паметни телефони (1.000 на секој пазар) во Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Италија, Шведска, Данска, Финска, Норвешка, Холандија и Белгија, а беше спроведено од агенцијата Censuswide.

 Извор: webmind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.