Најдобри апликации за планирање обврски: За враќање на работа без хаос

Се вративте во канцеларија, инбоксот се полни побрзо отколку што успевате да го избришете песокот од папучите, а состаноците „излегуваат“ како пуканки. Прашањето е: дали вие ги планирате обврските или тие ве планираат вас?

aplikacii-4155-fi

Извор: Unsplash

Ако вашиот тековен систем е комбинација од „забелешка на рака, потсетник во глава и леплива белешка на мониторот“, можеби е време да пробате нешто попаметно и подигитализирано.

Во продолжение ви претставуваме избор на најдобрите апликации за организирање обврски, кои ќе ви помогнат да фатите ритам – без да заборавите состанок, роденден или да испиете чаша вода.

1. Todoist – класика меѓу апликациите
Едноставна, прегледна и прилагодлива. Можете да креирате проекти, задачи, подзадачи, да ги доделувате на други и да го следите напредокот. Совршена за сите што уживаат во чувството на задоволство кога ќе означат „завршено“.

2. Notion – за оние што сакаат сè да е естетски и функционално
Notion не е само апликација за задачи тоа е вашиот дигитален мозок. Во него можете да водите календар, листа на обврски, записници од состаноци, па дури и план за исхрана, ако сакате. Идеален за визуелни планери.

3. Google Keep – минимализам без стрес
Ако ви треба нешто брзо и едноставно – Google Keep е како дигитален пост-ит. Пишувате белешки, правите листи, додавате бои и потсетници. Идеален за оние што не сакаат компликации, но сакаат потсетник во вистински момент.

4. TickTick – сè на едно место
Комбинација од календар, задачи, тајмер и фокус. TickTick има и опција за следење навики и Помодоро тајмер, ако сакате да работите во интервали на концентрација. Одлична за оние што ја сакаат дисциплината (или се обидуваат да ја развијат).

5. Trello – за тимски планови (и визуелни типови)
Ако работите во тим и сакате сè да ви биде „на табла“  Trello е полн погодок. Задачите се картички, а можете да ги организирате по фази, приоритети и теми. Дополнителен бонус: преместувањето на задачата во колоната „завршено“ е исклучително задоволувачко.

Не постои една совршена апликација, постои таа што одговара на вашите потреби. Пробајте, поиграјте си, и започнете ја новата работна сезона со чувство дека (барем) нешто држите под контрола.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.