Ако досега мислевте дека единствен спас од лошо напишана порака е нова порака со „сакав да кажам…“, Google има подобро решение. Најновото ажурирање на Google Messages им овозможува на корисниците на Android да уредуваат RCS-пораки испратени и до iPhone. Со други зборови: грешки од типот „фала мамо“, испратени на погрешна личност, сега можат барем делумно да исчезнат.
Трикот е во тоа што имате 15 минути да се премислите. Доволно време за паника и враќање на достоинството. Само притиснете на пораката, кликнете на малото моливче, поправете што треба и испратете повторно.
Секако, има една мала „финта“, корисникот на iPhone нема да ја види магично коригираната порака како што би ја видел преку iMessage. Наместо тоа, ќе му стигне нова верзија со ознака дека сте направиле промена. Значи, нема скриени траги но барем грешката е исправена, делумно.
Оваа опција е достапна само за избрани бета-тестери, а за да функционира правилно, iPhone уредот треба да биде ажуриран со најновиот iOS кој поддржува RCS. Apple конечно попушти и почна да го прифаќа RCS стандардот, но сè уште сме далеку од совршен Android-iPhone соживот.
Без оглед на сè, ова е мал, но симпатичен чекор. Додека чекаме опција „unsend“, уживајте во малата моќ да ги поправите оние „грешки од брзите прсти“ поради кои досега се срамевме.
И да, следниот пат проверете пред да притиснете „Испрати“. А и не мора, сега барем можете да поправите.
Извор: web-mind.rs