Tesla во проблеми: Ексклузивниот Cybertruck едвај се продава

Tesla во својот најнов извештај за испораки потврди дека продажбата на Cybertruck паднала на околу 5.000 единици по квартал, што значи дека се продава со темпо од околу 20.000 возила годишно – бројка која е далеку под планираниот производствен капацитет од над 250.000 возила годишно.

tesla-3952-fi

Извор: Freepik

Tesla и понатаму ги крие деталите

Како и во претходните квартали, Tesla не објавува одделни бројки по модел. Наместо тоа, сите возила освен Model 3 и Model Y ги вбројува во категоријата „останати модели“, во која сега се вклучени Model S, Model X, Cybertruck и Tesla Semi.

Во извештајот за вториот квартал од 2025 година, компанијата објави дека има производство од 13.409 возила и испорака на 10.394 единици од таа група.

Овој број е помал од половина од врвот достигнат во 2024 година, кога Tesla сè уште испорачуваше Cybertruck возила од претходно направени резервации. Но, во 2025 година продажбата драстично опадна, и тоа и покрај дополнителни стимуланси како што е даночниот попуст од 7.500 долари.

Според достапни податоци од меѓународните пазари, продажбата на Model S и Model X исто така опаѓа, но се проценува на околу 5.000 единици по квартал, што значи дека остатокот од „другите модели“, вклучувајќи ги Semi и Cybertruck, се продава во вкупен обем помал од 6.000 единици.

Иднината на Cybertruck – неизвесна

За споредба, Ford, и покрај падот на продажбата за 26%, сепак успеа да продаде 5.842 F-150 Lightning возила во истиот период – што е повеќе од Cybertruck.

General Motors исто така ја надмина Tesla со неколку модели на својата електрична пикап-платформа, испорачувајќи:

  • 3.056 електрични Silverado,
  • 1.524 електрични GMC Sierra, и
  • 4.508 електрични Hummer возила (вклучувајќи и SUV верзии).

Tesla сè уште нема излезено со официјална изјава за иднината на Cybertruck програмата, но драстичниот пад на продажбата и разочарувачките пазарни резултати, и покрај агресивната маркетинг-кампања и стимулативните мерки, ја доведуваат во прашање одржливоста на проектот што требаше да претставува технолошки пресврт во понудата на електрични возила.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.