Chatgpt

Повеќе

Алатката заснована на вештачка интелигенција ChatGPT моментално ја користат околу 700 милиони луѓе неделно, а компанијата OpenAI не ја исклучува можноста во иднина да воведе реклами во популарниот четбот. Ова го изјави Ник Тарли, лидер за производи во OpenAI, во интервју за подкастот Decoder.
Кога OpenAI неодамна ја претстави најновата верзија на својот модел ChatGPT, многу корисници почувствуваа загуба – некои дури и како да изгубиле блиска личност.
OpenAI ја претстави долгоочекуваната верзија ChatGPT-5 – најновата генерација на својот популарен AI чет-бот, кој сега може да извршува задачи и да носи одлуки без човечка интервенција.
Според пишувањата на Bloomberg News, Apple формирал нов тим кој развива ново искуство со пребарување, налик на ChatGPT. Како што се наведува во извештајот објавен во недела (3 август), новата група на Apple под името Answers, Knowledge and Information (AKI) работи на развој на т.н. answer engine – систем кој би можел да пребарува интернет и да одговара на прашања од општа култура.
Директорот на OpenAI, Сем Алтман, им порача на корисниците дека разговорите со ChatGPT не се правно доверливи, дури и кога алатката се користи за чувствителни теми како ментално здравје или правни совети. Иако алатот може да делува како соговорник, законска заштита на доверливоста не постои.
OpenAI ја претстави новата функција Study Mode во рамки на ChatGPT, иновативен пристап кој поттикнува критичко размислување, наместо само брзи одговори. Овој режим е достапен за сите регистрирани корисници и функционира како интерактивен тутор осмислен да поттикне подлабоко разбирање и самодоверба кај учениците.
All articles loaded
No more articles to load