Џејн, корисничка која сакаше да остане анонимна, изјави дека GPT-5 во споредба со претходниот модел GPT-4o ѝ делувал „ладно“ и „беземоционално“. По месеци поминати во разговори и заедничко пишување со постарата верзија, промените за неа биле драматични:
„Како да се вратив дома и да не го затекнав преместен, туку скршен мебел“, раскажа таа за Al Jazeera.
Таа е дел од заедницата со околу 17.000 членови на Reddit („MyBoyfriendIsAI“), каде што луѓето споделуваат искуства од своите „врски“ со вештачката интелигенција. По излегувањето на GPT-5, форумите беа преплавени со пораки од корисници кои жалеа поради изгубената „личност“ на своите дигитални партнери.
По критиките, OpenAI најави дека повторно ќе им овозможи на претплатниците да користат постари верзии како GPT-4o. Извршниот директор Сем Алтман призна дека луѓето развиваат необично силна емотивна поврзаност со одредени модели:
„Тоа е поинакво и поинтензивно од сè што сме виделе кај претходните технологии.“
Научниците предупредуваат
Стручњаците, сепак, укажуваат на можните последици. Истражување на MIT Media Lab и OpenAI покажа дека прекумерното потпирање на АИ за емоционална поддршка може да ја зголеми осаменоста и зависноста, а да ја намали општествената поврзаност.
Психијатарот Кит Саката додава дека ваквите „врски“ сами по себе не мора да бидат штетни, но можат да станат проблем ако доведат до изолација и нарушување на реалните односи.
Сепак, за многу корисници емотивната приврзаност е вистинска – иако знаат дека АИ „не е жив“. Како што објасни една инфлуенсерка на TikTok:
„Не затоа што АИ чувствува. Не чувствува – тоа е генератор на текст. Но ние чувствуваме.“
Извор – bizlife.rs