Според пишувањата на Bloomberg News, Apple формирал нов тим кој развива ново искуство со пребарување, налик на ChatGPT. Како што се наведува во извештајот објавен во недела (3 август), новата група на Apple под името Answers, Knowledge and Information (AKI) работи на развој на т.н. answer engine – систем кој би можел да пребарува интернет и да одговара на прашања од општа култура.
Apple
Повеќе
Ако одамна не сте направиле пресметка колку дигитални претплати моментално плаќате, веројатно ќе се изненадите. Стриминг сервиси, софтверски пакети, игри, AI алатки, паметни часовници за здравје и фитнес… списокот е долг, a на тој список секако треба да го додадете и cloud просторот.
Не така одамна, прифаќањето на платежни картички значеше корисење на обемни терминали, збунувачки жици и скапи договори. Но, од мај 2025 година, за тоа ви е потребен само iPhone. Со последното проширување на Tap to Pay на iPhone во осум нови европски земји, вклучувајќи ги Малта, Белгија, Хрватска и Данска, Apple не само што ја прошири својата пазарна достапност, туку и го редефинираше она што го претставува модерното прифаќање на плаќања.
Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI најави дека ќе го купи стартап-от на поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв, фирмата Io, за 6,5 милијарди долари кои ќе бидат исплатени во акции.
Компанијата Apple планира до крајот на 2026 година да лансира револуционерни паметни очила со интегрирани AI технологии. Новиот уред би можел целосно да го промени начинот на кој корисниците комуницираат со дигиталниот свет.
Американската конгресменка Кет Кемек предложи нов закон под името App Store Freedom Act, кој би можел значително да го промени начинот на кој Apple и Google управуваат со своите продавници за апликации.
All articles loaded
No more articles to load