Џони Ајв работел во Apple скоро триесет години и учествувал во развојот на десетици производи на компанијата од Купертино, меѓу кои се ајфоните, ајпедите и мек-буковите.
„Тој ја напушти Apple во 2019. година и започна да развива свои проекти, а веќе во 2023-та се појави информација дека Ајв разговара со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, за создавање на првиот уред кој ќе биде попогоден за користење на вештачка интелигенција отколку обичните паметни телефони“, пренесува Tech Crunch.
Развојот на сé уште мистериозниот уред е во тек, а извори наведуваат дека тој ќе биде џебен уред, без екран, ќе може да се прилагоди на контекстот на ситуацијата, и дека не се работи за паметни наочари.
Алтман им рекол на вработените во OpenAI дека имаат „шанса да направат најголема работа која компанијата ја направила досега“, пренесува Wall Street Journal (WSJ), повикувајќи се на интерни извори од фирмата.
Планирано е овој производ да се појави на пазарот до крајот на 2026. година.
Извор: bizlife.rs