Apple

Повеќе

Во 2024 година Apple ја претстави атрактивната и поинтелигентна верзија на Siri, која би можела да се поврзува со различни апликации и да пронаоѓа најразновидни информации. Сепак, таа верзија сè уште не ја има видено светлината на денот, бидејќи изгледа дека компанијата не успеала навреме да ја подготви.
Американскиот милијардер Илон Маск најави дека ќе поднесе тужба против компанијата „Apple“ откако апликациите во негово сопствеништво – X и Grok – не биле означени како препорачани („Must Have“) во продавницата за апликации на „ Apple “, иако, според него, се меѓу најпопуларните во светот.
Според пишувањата на Bloomberg News, Apple формирал нов тим кој развива ново искуство со пребарување, налик на ChatGPT. Како што се наведува во извештајот објавен во недела (3 август), новата група на Apple под името Answers, Knowledge and Information (AKI) работи на развој на т.н. answer engine – систем кој би можел да пребарува интернет и да одговара на прашања од општа култура.
Ако одамна не сте направиле пресметка колку дигитални претплати моментално плаќате, веројатно ќе се изненадите. Стриминг сервиси, софтверски пакети, игри, AI алатки, паметни часовници за здравје и фитнес… списокот е долг, a на тој список секако треба да го додадете и cloud просторот.
Не така одамна, прифаќањето на платежни картички значеше корисење на обемни терминали, збунувачки жици и скапи договори. Но, од мај 2025 година, за тоа ви е потребен само iPhone. Со последното проширување на Tap to Pay на iPhone во осум нови европски земји, вклучувајќи ги Малта, Белгија, Хрватска и Данска, Apple не само што ја прошири својата пазарна достапност, туку и го редефинираше она што го претставува модерното прифаќање на плаќања.
Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI најави дека ќе го купи стартап-от на поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв, фирмата Io, за 6,5 милијарди долари кои ќе бидат исплатени во акции.
All articles loaded
No more articles to load