безбедност

Повеќе

Вашиот профил на апликацијата за размена на пораки може да биде интересен не само за љубоморни партнери или љубопитни колеги. Украдените WhatsApp профили се користат во криминални активности од големи размери, од ширење спам до сложени шеми на измама. Ова е причината зошто сајбер криминалците постојано се во потрага по профили на WhatsApp и применуваат различни методи за да ги преземат. Експертите на Кaspersky издвојуваат осум знаци што можат да укажат дека вашиот профил можеби веќе е компромитиран.
Јужна Кореја и САД се договориле за тесна соработка во брзо решавање на последиците од одлуката на американското Министерство за енергетика, кое ја означи Јужна Кореја како „чувствителна земја“.
Во време кога интернетот знае повеќе за нас отколку што ние знаеме за себе, личната и финансиската безбедност стануваат поважни од било кога. Од лажни пораки за „подароци“ до злоупотреба на лични податоци и кражба на идентитет – онлајн заканите се сè пософистицирани, а мета може да биде секој од нас.
Прелистувачот Google Chrome наскоро би можел да добие корисно безбедносно ажурирање – откривање лозинки што биле компромитирани во пробиви на податоци и автоматско генерирање и зачувување на подобра замена. Според Google, оваа функција е претставена како „ВИ иновација“, иако засега не е јасно на кој начин вештачката интелигенција е вклучена во процесот.
Rakuten Viber традиционално ги сумира резултатите и достигнувањата кои ја обележаа 2024 година, со посебен акцент на иновациите што го приближија развојот на апликацијата кон супер-апликација за корисниците во регионот.
Работата од далечина стана нова реалност за многу професионалци. Вработените, од дизајнери до сметководители, често ракуваат со чувствителни информации, што претставува ризик од компромитирање кога работат надвор од канцелариското опкружување.
All articles loaded
No more articles to load