Како супер-апликација, Viber има за цел да им обезбеди на корисниците широк спектар услуги што го олеснуваат секојдневниот живот, додека истовремено им овозможува на брендовите да ја унапредат комуникацијата со своите клиенти – од подигнување на свеста за производите и услугите, до зголемување на продажбата и градење лојалност.
За да се одржат стабилни и долгорочни врски, клучно е обезбедувањето на сигурно и висококвалитетно комуникациско искуство. Во текот на 2024 година, Viber повиците останаа високо оценети од корисниците, задржувајќи константен рејтинг повеќе од 4 ѕвезди од можни 5. Надградената инфраструктура дополнително го подобри квалитетот на повиците, овозможувајќи постабилни и поприродни разговори.
Зголемена безбедност и заштита на податоците
Значаен чекор во доменот на безбедноста е добивањето на SOC 2 Type II сертификат, што потврдува дека Viber ги применува највисоките стандарди за заштита на податоците. Според извештајот на германската агенција за заштита на потрошувачите Stiftung Warentest, Viber е препознаен како една од трите најбезбедни глобални апликации за повици и размена на пораки.
Покрај тоа, воведени се две нови функции што ја зголемуваат безбедноста на комуникацијата:
- Верфикациски пораки – им овозможуваат на компаниите лесна и сигурна автентикација на клиентите преку еднократни лозинки (OTP).
- SecurePlus пораки – им помагаат на бизнисите да ги верификуваат телефонските броеви на примачите, спречувајќи можни онлајн измами.
Нови производи и функции за корисниците
Освен подобрената безбедност, Viber во 2024 година претстави низа нови функции:
- AI-резиме на преписките – вештачката интелигенција им заштедува време на корисниците со сумирање на пропуштените пораки во групните разговори и истакнување на најважните информации.
- Папки за преписки – овозможуваат организирање на разговорите во до пет различни категории, со што се поедноставува управувањето со комуникацијата.
- Viber Plus – премиум претплатничка услуга – доби нова опција: „Избриши без трага“, што овозможува бришење на испратените пораки без известување.
- Невидлив режим – кој овозможува скривање на онлајн статусот и информациите за прочитани пораки, остана една од најпопуларните опции – ја користат 58% од корисниците ширум светот.
- Транскрипција на гласовни пораки во текст и искуство без реклами се меѓу најкористените функции во Viber Plus претплатничките услуги.
Viber исто така забележа раст на бројот на отворени Viber заедници, каде што корисниците се поврзуваат според заеднички интереси. Овие големи јавни групи нудат пристап до архивирани преписки, неограничено складирање на мултимедијални фајлови и дополнителна приватност преку скривање на телефонските броеви.
Зголемена интеракција меѓу корисниците и бизнисите
Покрај меѓусебната комуникација, корисниците сè почесто комуницираат со компании и брендови.
Бизнисите сè почесто користат живи агенти за продажба или автоматизирани чет-ботови за корисничка поддршка и помош при купување – што доведе до удвојување на бројот на вакви интеракции.
Дополнително, Viber воведе “Viber Gems” (Viber Драгули) – анимации што се активираат при користење на клучни зборови како „Среќен роденден“ или „Среќна Нова година“. Компаниите добија можност ексклузивно да брендираат овие анимации.
Поддршка за малите локални бизниси
Кон крајот на 2024 година, Viber објави дека „Бизнис профилите“ сега се достапни и за малите компании во неговите клучни пазари ширум светот.
Овие профили се создадени за поддршка на малите локални бизниси (со до 50 вработени), овозможувајќи бесплатни алатки за дигитална видливост и интеракција со клиенти.
Воведувањето на овие профили има за цел да им помогне на малите заедници да воспостават силни и доверливи врски со потрошувачите.
Од нивното лансирање во ноември, учеството на отворање на Бизнис профили се зголеми за 36% на неделно ниво, со редовни интеракции меѓу бизнисите и клиентите.
Поглед кон иднината
Атанас Рајков, потпретседател на Rakuten Viber за маркетинг, изјави:
“Ова совршено се вклопува во нашата главна визија – овозможување на значајна комуникација меѓу луѓето и компаниите. Во 2025 година ќе вложиме уште повеќе во овој концепт, воведувајќи широк спектар на нови функционалности и производи. Конкретно, штотуку најавивме дека Србија ќе биде една од првите земји во светот што ќе ја добие новата функција – Viber Dating.”
Извор: Web-mind.rs