4 чекори за дигитална заштита: Како да ги заштитите парите и идентитетот онлајн

Во време кога интернетот знае повеќе за нас отколку што ние знаеме за себе, личната и финансиската безбедност стануваат поважни од било кога. Од лажни пораки за „подароци“ до злоупотреба на лични податоци и кражба на идентитет – онлајн заканите се сè пософистицирани, а мета може да биде секој од нас.

bezbednost-3191-fi

Извор: CNBC

Затоа, експертите за сајбер-безбедност, за CNBC препорачуваат 5 едноставни, но ефикасни чекори кои можете да ги преземете уште денес за да се заштитите себеси и своите финансии – без оглед на тоа колку (не) се разбирате во технологиja.

1. Замрзнете го вашиот кредитен извештај

Кога ќе го замрзнете вашиот кредит, никој нема да може да пристапи до вашиот кредитен извештај или да отвори нова сметка на ваше име. Дури и ако некој дојде до вашиот матичен број или други приватни информации, нема да може да подигне кредит или да отвори кредитна картичка. Процедурата е брза, само не заборавајте привремено да го одмрзнете кредитот доколку аплицирате за кредитна картичка, заем или хипотека.

2. Проверувајте ги вашите кредитни извештаи

Одвојте време да ги проверите вашите извештаи од секое кредитно биро и проверете дали има грешки или знаци на злоупотреба на идентитетот. Добро е најмалку еднаш кварталано да направите преглед на историјата за да се осигурате дека сè е во ред.

3. Проверете ги податоците на онлајн платформата на ПИОМ

Ако сè уште немате, направете сопствен кориснички профил на веб-страницата на Министерство за дигитална трансформација, за да можете да ги следите вашите придонеси. Проверете ја вашата изјава, преземете копија и контактирајте ги надлежните ако има грешки. Направете го профилот веднаш, за да се осигурате дека никој друг нема да го направи тоа наместо вас.

4. Одете чекор понатаму од само менување лозинка

Ако некој онлајн сервис го поддржува тоа, наместете “passkey” – тоа е низa од енкриптирани податоци кои се пристапуваат преку лице, отпечаток од прст или PIN. Ако тоа не е можно, секогаш користете двостепена заштита – лозинка плус безбедносен код.

Никогаш не користете иста лозинка на повеќе места.

„Најдобро е да користите менаџер за лозинки, кој ќе креира и ќе ги памети различните лозинки за секоја ваша сметка,“ вели Ева Ли од Identity Theft Resource Center, во текстот на CNBC. Google, Apple и сите поголеми интернет прелистувачи (како Safari, Chrome и Edge) веќе нудат вакви бесплатни алатки.

Совет за крај: За да останете безбедни во дигиталниот свет, не се работи само за технологија – туку за навики, внимание и постојана заштита. Преземете ги овие чекори денес – и бидете чекор пред измамниците.

Извор: CNBC

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.