Понекогаш е навистина доволна само една добра идеја за веднаш да посакате да ја запишете на листата со планови за оваа година. Токму така делува и reading retreat, тренд на патување кој сè повеќе ги привлекува љубителите на книгите, побавните денови и одморот без притисок дека постојано нешто мора да се обиколува, планира или „одрадува“.
книги
Повеќе
Постојат ретки моменти во технолошката историја кои толку прецизно ги поврзуваат почетоците со иднината, како што е случајот со првата продажба на Amazon. Неодамнешните потсетувања на социјалните мрежи откриваат фасцинантен податок: во далечната 1995 година, кога интернетот беше во својот зачеток, првиот производ некогаш продаден преку оваа платформа била книга посветена токму на вештачката интелигенција.
Ако сте воспитувани постојано да бидете женствени, љубезни, нежни и пристојни, всушност сте насочени да барате надворешна валидација. И веројатно верувате дека мора да ја заслужите љубовта и правите сè што можете за да бидете сакани. А вашата „внатрешна лудачка“ веројатно е во кафез, под клуч. Заедно со внатрешното дете. Нè учеа дека „лесните“ жени се неморални, а „тешките“ жени се неподносливи. Ниту едните, ниту другите никој не ги сака. И никој не ви кажал дека овие поделби се лажни и служат единствено за да ве заробат, замолчат и припитомат. Да ве заслепат и да не ви дозволат да ја запознаете својата вистинска природа. Дива, непослушна, мрачна, моќна.
Во последните децении, поимот информираност се редефинираше од технолошки напредок, до постојано присуство на телефоните во нашиот секојдневен живот. Скроламе низ фидови, кога нешто ќе ни го привлече вниманието го пребаруваме, споделуваме и отвораме линкови. Се чувствуваме информирани и вклучени, лизгајќи по бескрајната површина на интернетот, без да нурнеме во подлабоките океански слоеви на општото знаење и култура. Во тој контекст, враќањето кон читањето изгледа речиси револуционерно.
Кога Amazon го лансираше својот прв Kindle уред во 2007 година, светот на книгите засекогаш се промени. Овој едноставен, но револуционерен уред го редефинира начинот на кој читаме, купуваме и пристапуваме до книги, внесувајќи дигитална револуција во индустријата која дотогаш работеше на принципи кои датираат од пред повеќе од пет века, уште од печатарската машина на Гутенберг.
All articles loaded
No more articles to load