Новата функција работи заедно со функцијата двоен клик, веќе достапна во апликацијата YouTube на Android или iOS, која ви овозможува брзо да напредувате низ видеото во чекори од 10 секунди додека не стигнете до делот кој ве интересира. YouTube постојано тестира нови функции за своите корисници, кои ги нарекува експерименти, пренесува порталот Life Hacker.
Новата функција ги анализира податоците за гледаност на корисниците и ги комбинира со алгоритми за машинско учење за автоматски да открие која е следната „најдобра“ точка во видеото што може да го интересира гледачот. Потоа нуди опција да ве одведе до таа точка преку копчето „Jump Ahead“ на екранот.
YouTube вели дека новата функција е корисна за креаторите кога гледаат свои видеа, дури и ако моментално не се претплатени на YouTube Premium. За останатите, функцијата „Jump Ahead“ се тестира со претплатниците на YouTube Premium во САД (претходно беше достапна за тестирање на мала група претплатници на Premium). Покрај членството на YouTube Premium, потребна ви е и Android верзија на апликацијата YouTube. Функцијата во моментов е ограничена на видео записи на англиски јазик, така што видеата на други јазици во моментов не работат.
Претходно, YouTube воведе слична функционалност во форма на график интегриран во лентата за напредок на видеото што ги прикажува „најповторуваните“ делови од тоа видео. Првично, функцијата за најповторувани делови беше слично ексклузивна за претплатниците на YouTube Premium, така што постои можност, доколку се покаже популарна и ефикасна, „Jump Ahead“ да стане опција достапна за сите. Сè уште нема информации кога функцијата ќе биде пошироко достапна, но експериментот наводно завршува на 1-ви јуни, па ќе видиме што ќе одлучи YouTube.
Минатата година, компанијата, исто така, тестираше, потоа ја отстрани, па повторно ја воведе опцијата за гледање кое било видео со двојна брзина, со притискање и држење на видео плеерот во апликацијата YouTube.