Директно фаќање на воздухот, или DAC, е технологија дизајнирана да впие воздух и од него да извлече јаглерод со помош на хемикалии. Јаглеродот потоа може да се инјектира длабоко под земјата, повторно да се искористи или да се претвори во цврст производ. Climeworks планира да го транспортира јаглеродот под земја каде што ќе се претвори природно во камен, трајно заробувајќи го јаглеродот. Целата операција ќе биде покрената со обилна, чиста геотермална енергија на Исланд.
Климатските решенија од новата генерација како DAC сè повеќе им привлекуваат внимание на владите и приватната индустрија додека луѓето продолжуваат да согоруваат фосилни горива. Концентрациите на јаглерод-диоксид, кој ја загрева планетата во атмосферата, достигнаа рекордно ниво во 2023 година.
Како што планетата продолжува да се загрева – со разорни последици за луѓето и природата – многу научници велат дека светот мора да најде начини за отстранување на јаглеродот од атмосферата покрај брзото намалување на фосилните горива. Но, технологиите за отстранување на јаглерод, како DAC, сè уште се контроверзни. Тие се критикувани како скапи, енергетски изискателни и недокажани.
Климатскитe активисти, исто така, се загрижени дека ова може да одвлече внимание од политиките за намалување на фосилните горива. Оваа технологија е „полна со неизвесности и еколошки ризици“, изјави Лили Фур, директорка на програмата за фосилна економија во Центарот за меѓународно право на животната средина, говорејќи општо за фаќањето на јаглерод.
Climeworks започна со изградба на „Mamut“ во јуни 2022 година, a компанијата тврди дека тоа е најголемиот погон од таков вид во светот. Има модуларен дизајн со простор за 72 „контенери собирачи“ – делови од машината кои фаќаат јаглерод од воздухот – кои можат да се сложат еден врз друг и лесно да се преместат. Моментално на местото има 12 такви, а во следните неколку месеци ќе бидат додадени уште.
Според Climeworks, Mamut ќе има капацитет да извлече 36.000 тони јаглерод годишно од атмосферата кога ќе работи со полн капацитет. Тоа е еквивалентно на отстранување на околу 7.800 автомобили на бензин од патот на годишно ниво. Climeworks не даде точна цена за секоја тон отстранет јаглерод, но рече дека е поблиску до 1.000 долари по тон отколку до 100 долари по тон – што се смета за клучен праг за чинење на пристапна и одржлива технологија.