Правила за “месецот без трошење“
Предизвикот “месец без трошење” може да трае една недела, месец или дури цела година. Некои го сметаат како финансиски детокс или пост, нешто кое можат да помогне во прекинувањето на навиката на прекумерното трошење. Средствата кои инаку би биле потрошени на нова облека или јадење надвор може да се вложат во долгорочен финансиски цел.
На прв поглед, “предизвикот без купување е и прагматичен и симболичен”, вели Грегори Столер, професор на Школата за бизнис на Универзитетот во Бостон. “Зошто да купувате неосновани производи кои не ви се потребни?
Обидите за ‘нема трошење’ може да бидат тешки за одржување
Како и секој easy fix , така и овој предизвик може да биде тешко да се одржи на долг рок. “Потенцијалната компликација со предизвикот без купување е до која мера луѓето се способни да го почитуваат својот обид”, вели Столер.
Нешто слично на новогодишните резолуции. Храбро ги поставуваме, со надеж дека следната година ќе бидеме подобра верзија на себеси, но како и секој строг режим, така и овој колку што е лесно да го поставите, уште полесно е да го прекршите. Особено кога станува збор за купување. Плус тука е и ризикот на импулсивно трошење. Нешто слично како кога сте на строга диета. Во момент на криза ќе се фрлите на брза храна и слатки.
Извор: Freepik / legion
Алтернативи на обидот за месец без трошење
Повеќето финансиски експерти велат дека нема скратен пат за стекнување на здрави финансиски навики.
Подобра опција од екстремниот режим е да се вратите на старото добро правило – поставување на буџет и очекувања. Да ексел табелата е вашиот најдобар пријател кога станува збор за финансиско планирање.
“Ниту една хакерска техника не може да ве научи на самоконтрола, свесно трошење или како да го задржите вашиот биланс низок”, вели Пол Хофман, аналитичар на податоци во BestBrokers, кој го подготви извештајот за штетните трендови во FinTok.
Мајкл Херсфилд, основач и извршен директор на Accrue Savings, препорачува креирање на буџет кој се вклопува со вашите општи финансиски цели, приходи и трошоци, а потоа следење на трошењето и планот за буџетирање за да можете да направите приспособувања според потребата.
“Со умереност, наместо радикален прекин, ќе си поставите за себе долгорочно финансиско здравје,” вели Херсфилд за CNBC.
Во крајна линија, потрошувачите треба да се фокусираат на “свесно трошење со испланирани купувања и јасна цел која се вклопува со вашата лична финансиска ситуација и цели,” вели Херсфилд, понатаму наведувајќи дека не треба да се следат никакви совети за купување на социјалните медиуми.