Како TikTok го освои Кембриџ само со неколку збора

Најновите дополнувања во Кембриџовиот речник потврдуваат колку силно TikTok генерацијата го обликува современиот англиски јазик. Меѓу зборовите кои влегоа во годинешното издание се најдоа изразите „skibidi“, „delulu“ и „tradwife“.

kembridz-4226-fi

Извор: Canva, Freepik

Уредниците нагласуваат дека овие зборови не се минлив хир: „Интернет културата го менува англискиот јазик, а наша задача е да ги забележиме тие промени“, вели Колин Макинтош, менаџер на лексичкиот програм. Тој истакнува дека нови зборови се додаваат само кога постои уверување дека тие ќе се користат.

Терминот skibidi стана препознатлив благодарение на виралната серија Skibidi Toilet на YouTube. Денес децата го користат како засилувач во речениците, често без вистинско значење. Речникот го дефинира како израз кој може да значи „кул“, „лошо“ или едноставно да биде искористен како шега. Постарите генерации сепак не го одобруваат. Писателот и уметник Ли Ескобедо претходно во The Guardian напиша дека „skibidi brainrot“ ја опишува генерацијата навикната на иронија, но лишена од смисла, при што ваквите медиумски содржини стануваат и забава и животна рамка за младите кои пораснале во “онлајн ерата”.

Другиот нов израз, tradwife, е присутен најмалку од 2020 година. Овој поим ги опишува конзервативните инфлуенсерки кои промовираат традиционални улоги, грижа за сопругот, децата и домаќинството, за што редовно објавуваат содржини на TikTok, Instagram и YouTube, објави The Guardian.

Delulu, скратеница од delusional („заблуден“), го доби своето место во речникот со значење „да се верува во нешто што не е реално или точно, обично затоа што сами го посакувате“. Се појави пред повеќе од една деценија во K-pop заедницата како погрден израз за фанатици опседнати со идејата дека ќе имаат врска со своите идоли. На TikTok, пак, стана популарен преку фразата „delulu is the solulu“ порака дека замислувањето на сопствените желби може да доведе до нивно остварување. Австралискиот премиер Ентони Албаниз годинава, во политичка пресметка, го искористи изразот „delulu with no solulu“ за да ги опише своите противници.

На списокот нови изрази се најде и терминот broligarchy, создаден со спојување на зборовите „bro“ и „oligarchy“. Тој означува мала група мажи од технолошкиот бизнис кои се исклучително богати, моќни и стремат кон политичко влијание.

Современи работни навики во речникот

Покрај овие изрази, во речникот влегоа и фрази кои го одразуваат современиот начин на работа:

mouse jiggler – уред или софтвер што симулира активност на компјутер и создава впечаток дека работите;

work spouse – термин за близок работен однос во кој двајца колеги се потпираат еден на друг;

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.