Откако самите корисници на социјалната мрежа забележаа дека во апликацијата Instagram почнаа да се појавуваат реклами што не може да се прескокнат, платформата официјално потврди дека ја тестира функцијата наречена „рекламна пауза“.
Нов тип на рекламирање прикажува тајмер над рекламата, кој, додека не истече, ги спречува корисниците да продолжат да скролаат. Со други зборови, Instagram тестира сличен модел што корисниците го гледаат на платформата YouTube со години.
Кога корисниците ќе ја допрат иконата за повеќе информации за функцијата, Instagram прикажува порака која вели: „Паузите за реклами се нов начин за гледање реклами на Instagram. Понекогаш можеби ќе треба да прегледате реклама пред да продолжите со скролање“.
Извор: X / chi
„Ние секогаш тестираме формати кои ќе им дадат вредност на огласувачите“, изјави портпаролот на компанијата за TechCrunch. „Бидејќи сè уште тестираме и учиме, ќе ја информираме јавноста доколку резултатите од тестот доведат до официјални промени“.
Instagram, веќе прикажува спонзорирани објави и реклами помеѓу содржината низ која се движите, но останува непознато колку луѓе може да ги видат рекламите што не се прескокнуваат, како и кога ќе заврши тестирањето. Меѓутоа, доколку новата функција стане постојан дел од официјалната апликација, нема сомнеж дека тоа ќе биде многу непопуларен потег.
Многу корисници се жалеа на овие промени преку различни социјални мрежи и форуми. Додека некои велат дека ќе ја затворат апликацијата секогаш кога ќе видат реклами за „рекламна пауза“, други се закануваат дека ќе го намалат времето што го поминуваат на Instagram или целосно ќе престанат да ја користат.