Четири ПР практики кои треба да ги заборавите

Што е она што новинарите најмногу го презираат? Досаден агенциски мејл со subject – Соопштение за медиуми. Новинарското љубопитно око, несомнено ќе го отвори, но дали ќе го објави?

4-loshi-pr-praktiki-1487-fi

Извор: Unsplash / Jason Goodman

Иако ПР-от одамна еволуираше од  само „спамирање“ со досадни соопштенија и организирање на застарени прес конференции, сепак, некои практики кои знаат да ги иритираат медиумите сè уште опстојуваат, држејќи се до познатото: „Затоа што секогаш сме го правеле тоа така“. 

И сега сигурно ќе речете дека во целата ПР комуникација, голем удел имаат и желбите и идеите на клиентите, сепак, ако мудро поставите иновативна и креативна стратегија, бидете сигурни дека медиумите ќе ве обожуваат!  

Омразената прва реченица на прес соопштенијата

Прес соопштенијата не се мртви, но нивните почетни реченици често изгледаат безживотни. Типичната формула – „Тој и тој, водечкиот македонски лидер во индустријата, објавува нешто незначително“ – треба да се промени. Да, горди сте на вашето достигнување, производ, што и да е, но овие фрази се толку излитени што не само медиумите, туку и читателот го наведуваат да преврти со очи.

Зошто е важно:

  • Според анкета на Cision, 48% од новинарите добиваат до 50 соопштенија неделно, но само 3% велат дека соопштенијата што ги добиваат се релевантни.

Како да напишете релевантно соопштение:

  • Пишувајте соопштенија само кога имате вистинска вест.
  • Напишете го  воведот како новинар: фокусирајте се на веста, а не на самопромоција.
  • Избегнувајте го жаргонот „најдобри, лидери, водечки, најпознатите…“. Чувајте ги пофалбите за крајот.
  • Напишете ја приказната како што би се појавила во некој од најпознатите „весници“ 
  • Создадете интересни наративи околу податоците, истакнувајќи трендови, предизвици и можности.
  • Фокусирајте се на хуманиот елемент на вашата приказна со истакнување на реални приказни, сведоштва и студии на случаи.
  • Истакнете како вашиот производ, услуга или иницијатива позитивно влијае на поединците и заедниците.

 Внесете иновативност:

Креативните и иновативни техники за ПР се клучни за да го привлечат вниманието на медиумите во свет каде што информациите се пренесуваат брзо и вниманието е кратко. Тука иновативноста е клучна:

  • Претворете го вашето соопштение во интересен и визуелно привлечен инфографик.
  • Истакнете ги клучните точки, податоци и цитати во визуелно пријатен формат кој е лесен за споделување.
  • Видео соопштение? Зошто да не! Раскажете ја вашата приказна на динамичен и интересен начин.
  • Вклучете интервјуа и backstage снимки медиумските куќи можат да ги користат.
  • Понудете ексклузивни прегледи или пристап до она што го промовирате, настан или приказна пред да станат јавни.
  • Организирајте приватни медиумски настани или виртуелни прегледи за да изградите очекувања и интерес.

Досадни фотографии

Визуелните елементи се клучни во денешниот комуникациски пејзаж, но лошите фотографии можат да ја поткопаат вашата порака. Сите сме ги виделе истите досадни слики: голем чек за донација, гигантските ножици како сечат лента, дотерани фаци на работна акција.

Зошто е важно:

  • Студија на Sproutworth покажува дека содржината со релевантни слики добива 94% повеќе прегледи од содржината без слики.

Што да направите?:

  • Обезбедете јасни упатства на фотографот за да бидете сигурни дека ќе добиете висококвалитетни, креативни слики.
  • Бидете креативни со групни фотографии: менувајте перспективи, додавајте движење и фокусирајте се на лицата.
  • Користете натписи за да раскажете приказна, а не само да ја опишете сликата.

Претрупани е-мејлови

Позадината и контекстот се важни, но не на почетокот на е-мејлот. Е-мејлот што започнува со долг вовед често ја закопуваат суштината, фрустрирајќи ги оние кои ја добиваат.

4-loshi-pr-praktiki-1487-ps1

Извор: Unsplash / Austin Distel

Зошто е важно:

  • Истражувањето на Radicati Group покажува дека просечниот канцелариски работник прима 121 е-мејл дневно. Јасните и концизни е-мејлови имаат поголеми шанси да бидат прочитани и да се преземе акција.

Што да направите:

  • Ставете ги важните информации напред. Резимирајте ги клучните точки во првиот параграф.
  • Користете булет точки и поднаслови за да ги водите читателите низ содржината.
  • Наведете дека подетални информации може да најдат во текстот кој ќе го прикачите во прилог на е-мејлот.

Празни изјави

Она што треба да биде најлесно и најважно, се уште е најлошиот дел од целото соопштение. Зошто? Изјавите во прес соопштенијата и статиите често не додаваат вистинска вредност бидејќи се полни со корпоративен жаргон и без вистински емоции.

Зошто е важно:

  • Студијата на Nielsen Norman Group покажа дека корисниците внимателно ги читаат цитатите, особено оние што пренесуваат лични мисли или силни мислења.
4-loshi-pr-praktiki-1487-ps2

Извор: Unsplash / AbsolutVision

Што да направите наместо тоа:

  • Фокусирајте се на емоциите и значењето наместо на фактите и бројките.
  • Држете ги цитатите кратки и моќни. 

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.