Ќе го реши ли вештачката интелигенција деценискиот проблем на ПР индустријата?

Една од најактуелните теми на самиот настан ја отвори Петер Ќук - извршен директор на Mediaboard, кој на сцената донесе свеж одговор на прашањето што со децении ја мачи ПР индустријата: како да се докаже вистинската вредност на односите со јавноста? Со долгогодишно искуство во медиумски анализи и мерење на комуникациско влијание Петар Ќук го претстави PRIMe – нова метрика базирана на вештачка интелигенција што ветува целосна трансформација на начинот на кој се мери и разбира ефектот на ПР.

PRProblem001-4441-fi

Извор: WebMind редакција

Со децении, експертите за односи со јавност постојано се соочуваат со истото клучно прашање: како да се поврзе влијанието на нивната работа со конкретен бизнис резултат? Додека маркетинг светот одамна премина на модели засновани на податоци, ПР професијата често остануваше заробена во рамки на застарени и некогаш удобни, но денес крајно ограничени метрики – како што се AVE (Advertising Value Equivalency) и GRP (Gross Rating Point).

Овие мерки, иако со години служеле како „стандард“, никогаш вистински не успеале да ја прикажат вистинската вредност на ПР напорите. Зошто? Затоа што ПР од секогаш бил повеќе од број на објави или рекламна вредност — тој претставува градење кредибилитет, влијание, доверба и долгорочни односи со јавноста. Но, токму тие вредности тешко се мерат со традиционални алатки.

Долги години, само најголемите компании, со ресурси доволни за ангажирање тимови од аналитичари, имаа можност да влезат подлабоко во анализата и да ја добијат вистинската слика за ефектот на нивните ПР активности. За мнозинството, остануваа „површни“ податоци кои ретко беа убедливи за раководствата и најчесто не ја оправдуваа потребата за инвестирање во долгорочни ПР стратегии.

Но, тоа повеќе не е случај.

Со помош на вештачката интелигенција, Mediaboard разви револуционерен пристап кон ПР мерењето — нова метрика која го носи името PRIMe (Public Relations Impact Metric). Оваа уникатна алатка овозможува првпат во историјата на индустријата да се има севкупна и објективна слика, лесно достапна и разбирлива за сите компании, без разлика на нивната големина.

PRProblem001-4441-ps1

PRIMe не се задоволува со „старите формули“. Наместо тоа, во реално време обезбедува конечна евалуација на ПР кампањата заснована врз четири клучни параметри:

  • Reach (досег) – колку луѓе биле опфатени со комуникацијата?
  • Relevance (релевантност) – дали пораките ја достигнале вистинската публика?
  • Sentiment (тон и став) – како медиумите и јавноста реагираат на вашето присуство?
  • Quality (квалитет на медиумите) – во какви медиуми е објавена вашата порака и колкаво влијание тие имаат врз јавноста?

Со ова, PRIMe носи јасност каде претходно имаше само претпоставки. Наместо да ги „дизајнира“ резултатите со површни бројки, оваа метрика ја мери реалната суштина на влијанието.

Она што е навистина значајно, пак, е дека ваквиот пристап овозможува сите ПР професионалци – од локални агенции до корпорации со глобален досег – конечно да зборуваат со јазик кој е разбирлив за раководствата. Повеќе не станува збор само за „колку медиумски објави сме добиле“, туку за тоа какво бизнис влијание тие објави создаваат.

На ова предавање, Петер Цук, извршниот директор на Mediaboard, конечно му дава одговор на старото прашање: Како да измериме и докажеме дека ПР е суштинска компонента на деловниот успех?!

Ова не е само уште една нова алатка на пазарот. Ова е момент на трансформација на една цела индустрија. ПР-от конечно добива начин да ја докаже својата вредност и суштинско влијание врз брендовите, организациите и општествените промени.

Преку панел дискусијата која се одржа во Radni Vikend арената, видовме како ќе изгледа иднината на односите со јавноста – иднина во која податоците и вештачката интелигенција конечно ќе ја завршат децениската мисија: да го покажат вистинското влијание на ПР заложбите.

Економист по професија, претприемач по вокација, психолог по потреба. Цврсто верува во континуиран раст и развој, љубител на книги и добра музика, и верен пријател на визуелната уметност.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.