Вештачката интелигенција брзо ја трансформира областа на односите со јавноста, носејќи нови можности за автоматизација на креирањето содржина, медиумско таргетирање и аналитика. Истовремено, отвора предизвици поврзани со вистинитоста, приватноста, пристрасноста и одговорноста. Свесни за зголемената потреба од етички насоки, „Gold Paper бр. 19“ се надоврзува на IPRA AI and PR Guidelines (2023) и UNESCO AI Principles (2021), нудејќи конкретни препораки и работни методи прилагодени за PR професионалците.
„Додека ја одбележуваме 70-годишнината од постоењето на IPRA, етичката комуникација останува клучна вредност на нашата асоцијација,“ истакнува Наташа Павловиќ Бујас, претседателка на IPRA (2024–2025). „Овој Gold Paper е непроценлив ресурс за PR професионалците ширум светот, помагајќи им одговорно да ги искористат можностите на AI технологиите, додека го зачувуваат интегритетот на професијата.“
Најважните аспекти на „Gold Paper бр. 19“:
- Актуелна состојба и предизвици на AI во PR: анализи базирани на глобална Delfi студија за степенот на усвојување на AI алатки во индустријата.
- Етички стандарди: насоки за транспарентност, точност, човечки надзор, заштита на податоците и правичност.
- Најдобри практики: препораки за успешна имплементација и одговорна употреба на AI технологиите.
- Улогата на IPRA: планови за едукација, застапување и професионална обука за полесно прилагодување на PR професионалците кон динамичните технолошки промени.
- Глобална перспектива: документот е резултат на заедничка работа на експерти од водечки универзитети и институции во Европа, САД, Австралија и ОАЕ, обезбедувајќи сеопфатен и релевантен пристап кон темата.
„Gold Paper бр. 19“ можете да го преземете овде.
Извор: web-mind.rs