Зошто Европа не може да најде работници и покрај милион отворени позиции?

Во Германија моментално се отворени повеќе од еден милион работни места, во Велика Британија околу 780.000, додека Франција бара над пола милион работници. Иако невработеноста во Европската Унија е сè уште висока, работа има но нема кој да ја работи.

evropa-4304-fi

Извор: Unsplash

Според податоците на Евростат, во вториот квартал од 2025 година дури 2,1% од сите работни места во ЕУ останале непополнети. Тоа значи дека работодавачите ширум Европа активно бараат работници, но не можат да ги најдат, пренесува Euronews Business.

Најмногу слободни работни места има:

  • Германија – 1,05 милиони
  • Велика Британија – 781.000
  • Франција – 504.000
  • Холандија – 400.000

Од поголемите земји, Италија бележи пониска стапка од просекот со 1,7%, додека на другата страна од листата се наоѓаат Романија (0,6%) и Шпанија и Полска со само 0,8% слободни позиции.

Интересно е што во земји како Шпанија истовремено се бележи голем број имигранти (над 1,2 милиони во 2023 година), додека отворени работни места има многу помалку отколку во Германија. Тоа покажува колку се разликуваат пазарите на труд и дека бројот на слободни работни позиции не е секогаш во согласност со миграционите трендови.

Проблемот не е само во бројот на работници, туку и во недостигот на вештини. Според истражувањето на ManpowerGroup, дури 75% од европските работодавачи тврдат дека не можат да најдат вработени со соодветни квалификации, што претставува огромен пораст во споредба со пред само пет години.

Најголем проблем со недостиг на кадар имаат северните и западните земји на Европа, додека во источните и јужните делови побарувачката за работници не е толку изразена. Европската комисија воведува нови политики за вработување, но податоците јасно говорат: во Европа има работа, но нема работници – или барем нема доволно со потребното знаење и вештини.

Извор : unsplash

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.