Запознајте ги луѓето чии имиња станаа имиња на светски познати брендови

Денес брендови како Disney, Chanel, Ferrari, Gucci и Adidas се препознатливи на сите континенти. Но, приказните за претприемачите кои со своето име го обележале успехот на овие компании често остануваат во сенка на сјајните логоа.

brend-4306-fi

Извор: Unsplash

Charles Lewis Tiffany

Основачот на Tiffany & Co., Чарлс Луис Тифани, е роден во 1812 година во Конектикат. Во 1837 позајмил 1.000 долари од својот татко (денес околу 32.800 долари) и во Њујорк отворил мала продавница за хартиена галантерија. Брзо почнал да продава фино стакло и порцелан, а подоцна и накит. Репутацијата ја изградил врз принципот – „само најдоброто“. До 1902 година, кога починал, компанијата вредела два милиона долари (повеќе од 73 милиони денес) и била најпознатата куќа за накит во Северна Америка. Денес брендот Tiffany & Co. се проценува на 7,3 милијарди долари.

Thomas Lipton

Сер Томас Липтон, роден во 1850 во Глазгов, ја започнал кариерата како работник на пароброд. Во 1870 година отворил мала продавница во родниот град, која со текот на времето се претворила во мрежа низ цела Британија. Со тоа станал милионер пред својата 40-та година. Липтон ја претворил својата трговска империја во империја на чај. Со купување плантажи на Шри Ланка и елиминирање на посредниците, го направил чајот достапен за сите, а не само за богатите семејства. Денес брендот Lipton Tea е дел од глобалниот конгломерат CVC Capital Partners.

King Camp Gillette

Кинг Кемп Жилет, роден во 1855 во Висконсин, е човекот кој го изумил првиот брич со заменливи сечила. Идејата ја добил како патувачки трговец – посакал производ кој ќе се користи, ќе се фрли и повторно ќе се купи. По шест години усовршување, во 1903 година го лансирал својот брич. Неговата стратегија била револуционерна: бричевите се продаваа по цена пониска од производната, додека профитот доаѓал од продажбата на сечилата. Денес Gillette е дел од Procter & Gamble и вреди 7,4 милијарди долари.

Guccio Gucci

Гучиo Гучи, роден во 1881 во Фиренца, ја започнал кариерата во хотелот Savoy во Лондон, инспириран од луксузните куфери на гостите. Во 1921 година отворил продавница во Фиренца за куфери и кожна галантерија. За време на 1930-тите, кога ембаргата го ограничиле увозот на кожа, се свртел кон други материјали – плетарство, лен и платно. До неговата смрт во 1953 година, Gucci имал продавници низ цела Италија, но и во Њујорк. Неговите синови ја прошириле империјата во Лондон и Париз, а денес брендот Gucci вреди 15,6 милијарди долари.

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.