Вештачка интелигенција – „Цунами“ кое ќе ја погоди работната сила

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева изјави дека околу 40 проценти од работните места ширум светот ќе бидат погодени од вештачката интелигенција.

vestachka inteligencija cunami

Извор: Freepik

Георгиева неодамна во Цирих го опиша влијанието на вештачката интелигенција како „цунами“ што ќе ја погоди работната сила.

Таа оцени дека вештачката интелигенција веројатно ќе влијае на 60 проценти од работните места во развиените економии и 40 проценти од работните места на глобално ниво. Воедно, таа предупреди дека има малку време за луѓето да се подготват за тоа.

Основачот и директор на компанијата AI 2030, Нект Сјаоцен Џанг, изјави дека појавата на колаборативната интелигенција меѓу луѓето и машините создава нова парадигма во која луѓето всушност не се единствениот основен извор на сила на работното место.

vestachka inteligencija cunami

Извор: Freepik

66 проценти од работодавците не би вработиле кандидати кои не користат AI

Според Џанг, моментално на пазарот на труд луѓето сè уште играат фундаментална улога, а машините допрва треба да ги заменат, при што фокусот сега е повеќе на соработката меѓу човекот и машината.

Иако присуството на вештачката интелигенција на работното место не е нова појава, истражувањата го потврдуваат нејзиното потенцијално влијание на пазарот на трудот, особено за време на фазата на вработување.

Заедничкиот извештај на LinkedIn и Microsoft покажува дека 66 проценти од работодавците не би вработиле кандидати кои не знаат да користат алатки за вештачка интелигенција.

Луѓето ги преземаат работите во свои раце така што учат да користат алатки базирани на вештачка интелигенција и ги вградуваат во своите професионални задачи, а 75 проценти од работниците признаваат дека користат вештачка интелигенција на работното место, се вели во извештајот.

Иако призна дека не знае многу за вештачката интелигенција, познатиот инвеститор и милијардер Ворен Бафет неодамна не можеше да ги избегне прашањата за оваа револуционерна технолошка промена.

Одговарајќи на неколку прашања за AI, Бафет рече дека технологијата е како дух во шише, бидејќи откако еднаш ќе го ослободите, може да има непријатни ефекти.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.