Иван Зографски: „Innovate.X 2024 им овозможува на учесниците да ги применуваат најновите технологии и модели за иновации во нивните компании“ 

Подгответе се за револуционерниот настан на годината - Innovate.X 2024! Овој уникатен фестивал, организиран од консултантската компанија Солвео, комбинира корпоративна конференција со custom работилници фокусирани на иновации и креативни решенија.

innovatex-1427-fi

Извор: Solveo

Настанот ќе се одржи на 28 и 29 мај во Хотел Мериот во Скопје и ќе понуди посебно искуство кое го издвојува од конвенционалните корпоративни собири. 

Која е инспирацијата зад создавањето на Innovate.X и како се одвиваше креативниот процес за креирање на овој неконвенционален корпоративен настан? 

Инспирацијата зад создавањето на Innovate.X  произлезе од потребата да се одговори на растечките измени кај бизнисите и општеството, каде што иновациите се неопходни. Креативниот процес на креирањето на овој настан започна со детални истражувања на трендовите од областа на иновациите и развојот на технологијата. Нашиот тим разви концепт што ги интегрира најдобрите практики во областа на design thinking, одржливоста и маркетингот. Идејата зад Innovate. X е да обезбеди платформа за иновативност која ги поддржува новите трендови и бизнис практики, и воедно создава простор за практична примена на иновативните концепти. Innovate. X ќе создаде простор за размена на идеи и сплотување на партнерства што ќе го помогнат настанот да напредува и да има значително влијание во бизнисот и заедницата. 

Како Innovate.X 2024 се разликува од другите регионални фестивали за иновации? Во што се содржи неговата посебност? 

Неговата посебност лежи во интегрирањето на напредни алатки и знаења во овие области, што им овозможува на учесниците да ги подобрат своите бизнис процеси и да го надградат своето креативно размислување. Претставувајќи практични методи и разновидни инструменти, Innovate.X 2024 им овозможува на учесниците да ги применуваат најновите технологии и модели за иновации во нивните компании. Овој пристап на учење и заедничка работа претставува значаен импулс за креативната и иновативна средина што го прави Innovate.X 2024 еден навистина уникатен настан во областа на иновациите и развојот. 

Innovate. X е предвиден да се случува 2 дена, односно на 28 и 29 мај. Како е замислено да се одвива настанот? Како изгледа целата структура и организација? 

Настанот е концептуиран како дводневна спринт работилница, со инспиративни говори и куси панел-дискусии. Целата структура и организација се фокусира на издвојување на колаборативните аспекти на иновациите и поттикнување на креативноста кај учесниците. Во двата дена тимовите ќе поминат низ целиот Design Thinking процес, ќе се запознаат со методологијата (се добива и сертификат) и најважно ќе осознаат нови перспективи и потенцијали. 

Можете ли да ни кажете повеќе за изборот на темите Sustainable Futures, AI-Powered Innovation и Marketing Technologies? Зошто се сметаат за клучни за овој настан, и дали ќе останат како главни постулати и за понатамошните настани? 

Темите Sustainable Futures, AI-Powered Innovation и Marketing Technologies за Innovate.X 2024 имаат големо значење поради нивната релевантност и потенцијал да ги трансформираат начините на работа во бизнисот и заедницата. Sustainable Futures се фокусира на развојот на одржливи стратегии и решенија за бизнисот, AI-Powered Innovation се однесува на употребата на вештачката интелигенција за креирање на нови продукти и услуги, додека Marketing Technologies е од значење за развојот на маркетингот и интеракцијата со потрошувачите. Што се однесува до понатамошните настани, останува да видиме што ќе диктираат глобалните трендови и компании, а ние секако секогаш сме во чекор со нив. 

Како ги избравте Design Thinking тренерите и што ги прави идеални за водење на работилниците? Може ли да ни откриете кој сè ќе биде дел од тимот на тренери? 

Секој од фасилитаторите на Innovate.X 2024 има опширно искуство во различни области и индустрии, што ги прави идеални за претставување на соодветни тимови. Примената на овој принцип за доделување на фасилитатори им овозможува на учесниците да се вклучат во работилници кои најдобро соодветствуваат со нивните бизнис потреби. На пример, фасилитатор кој има искуство во дигиталните технологии може да биде доделен на тим кој се фокусира на иновации во секторот на информатичките технологии, истото важи и за маркетинг технологиите. Ваквото персонализирање на фасилитаторите гарантира дека учесниците ќе добијат највисок квалитет на усогласување на нивните потреби и цели со вештините и искуството на фасилитаторите. Кои се фасилитаторите на Innovate.X 2024? Еден дел се тимот на Солвео со широк спектар на искуство, имаме гости од Србија и Косово со кои соработуваме, како и партнери од наши компании. 

Кои се клучните предизвици со кои се соочуваат иноваторите во регионот и како Innovate. X планира да им помогне во нивното решавање? 

Од клучните предизвици со кои се соочуваат компаниите во регионот се издвојуваат приспособувањето на новиот технолошки развој, примената на одржливи стратегии во бизнисот и развивање на иновативни решенија кои можат да ги задоволат променливите потреби на пазарите. Innovate. X планира да им помогне во нивното решавање преку обезбедување на платформа за размена на искуства и модели за успешни иновации. Ова ќе обезбеди можност на компаниите – учесници да споделат знаење, да се обидат да креираат решенија и да ги разберат најдобрите начини за да се справат со предизвиците што им претстојат. Со ова, Innovate. X овозможува да се надминат предизвиците и да се прошири креативниот потенцијал. 

Кои се некои од најинспиративните говорници и панелисти што ќе бидат присутни и што можеме да очекуваме од нивните презентации? 

Како гостин говорник чест ми е да го претставам Лукаш Двулит кој е претставник за Централна и Источна Европа (ЦИЕ) на Кlarna, каде што е клучен во експанзијата на компанијата во регионот вклучувајќи ги Полска, Чешка, Романија и Унгарија. Во моментов Klarna е актуелна со креирање на нова fintech алатка со вештачка интелигенција, но оставам повеќе детали да дознаеме од прва рака од Лукаш. Останатите гости се претставници од Microsoft (генерален менаџер за Северна Македонија и Косово), Paket.mk, Netcetera, Piksel, Represent Communication, Finovate.mk, April22 …  

Кои се бенефитите кои компаниите ќе ги добијат со учество на работилниците и дискусиите? 

Главен бенефит е секако вмрежувањето и запознавањето со нови луѓе и компании, споделувањето на искуства и поттикнување на свежи перспективи. Да не се повторуваме, за делот со придобивките од Design Thinking работилницата и иновативните алатки кои ќе бидат презентирани. Innovatе. X e пред сè продуктивна работилница, a секундарно корпоративен настан. 

Каков е долгорочниот план за Innovate. X и како планирате да го одржувате импулсот и влијанието на настанот во иднина? 

Се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата на овогодишните учесници и секако нели ќе поттикнеме интерес за следен Innovate. X  

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.