Просечната бруто плата во декември минатата година изнесувала 1.210 евра, соопшти Монстат.
Просечната нето плата минатата година изнесувала 876 евра. Со оглед на тоа дека инфлацијата изнесувала 3,3%, реалниот раст на платите во 2024 година достигнал 7,1%.
Црна Гора е третата земја во регионот, по Словенија и Хрватска, каде што просечната плата надминала 1.000 евра.
Во Словенија е над 1.500 евра, во Хрватска е 1.320, во Србија во ноември 853, а во Босна и Херцеговина е 708 евра.
Извор: Bizlife.rs