Здравството убедливо доминира
Медицинските професии, како што се консултанти, радиолози, стоматолози и ортодонти, се најплатени во сите анализирани земји. Во Обединетото Кралство дури половина од 20-те најплатени професии припаѓаат на здравствениот сектор, додека во Франција, три од првите четири позиции се држат од стоматолози и медицински техничари.
Високи примања во менаџментот и ИТ-секторот
Директорските позиции, како што се генерален директор, директор за стратегија и ИТ-директор , носат високи плати, особено во банкарството, технологијата и продажбата. Во Германија и Холандија, ИТ-експертите , како што се софтверски инженери и SAP консултанти остваруваат годишни примања што често надминуваат 90.000 евра.
Искусните продавачи и правниците заработуваат колку ИТ-експертите
Високи плати имаат и раководителите во продажбата (на пример, директори на продажба и менаџери за клучни клиенти), особено во Германија и Холандија. Исто така, правниците, даночните советници и финансиските контролори во Обединетото Кралство и Германија се меѓу најплатените стручњаци.
Преглед по земји:
Германија
Најплатени се советниците за корпоративни даноци (145.000 €), следат директорите за продажба (до 138.000 €), адвокатите за трудово право (105.000 €) и SAP стручњаците (околу 95.000 €). Интересно е што стоматолозите се единствените здравствени работници на врвот со годишна плата од приближно 86.000 €.
Франција
На врвот се стоматолозите (95.000 €), по нив следат ортодонтите, ИТ-архитектите и медицинските техничари. Многу раководни и продажни позиции се движат околу 60.000–70.000 € годишно.
Обединето Кралство
На изненадување на многумина, на врвот на листата се манекените и манекенките (166.000 €). Потоа следуваат медицински консултанти, директори и специјалисти (од 109.000 до 145.000 €). Меѓу најплатените се и ИТ-директорите и микробиолозите.
Холандија
Генералните директори имаат највисоки примања (115.000 €), по нив следуваат финансиските контролори, тим-лидерите и софтверските инженери. Во просек, техничките и продажните професии носат годишни приходи од 56.000 до 66.000 €.
Универзитетски дипломи? Не секогаш…
Дипломите од реномирани универзитети можат да помогнат, особено во Обединетото Кралство и Франција, но трендовите покажуваат дека во ИТ и податоциска наука сè повеќе се вреднуваат вештините, а не дипломата.
Во наредните 5 до 10 години се очекува раст на платите во секторите како што се зелената енергија, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста и биотехнологијата. Новите професии, како етичар за вештачка интелигенција, инженер за генеративна АИ и аналитичар на климатски податоци, стануваат сè побарани и подобро платени.
Извор: bizlife.rs