Пазарот на труд никогаш не бил поконкурентен
За секоја отворена позиција денес се пријавуваат стотици кандидати. Повеќето апликации се испраќаат онлајн, а првиот круг на селекција сè почесто го вршат алгоритми. Многу млади го прилагодуваат своето CV на клучни зборови само за да добијат шанса да ги интервјуира човек, а не бот. „Тоа стана дистопија“, вели студентот по економија на Универзитетот Колумбија, Ричард Јун.
Младите работници велат дека наместо менторство, добиваат микроменаџирање, преоптовареност и постојан надзор. „Менаџерите очекуваат да работиш шест работи во 40 часа. Бенефициите се слаби, а простор за напредување речиси и да нема“, вели 27-годишна дизајнерка која ја напуштила корпорацијата и преминала на фриленс, и покрај помалата сигурност.
Сè пораширен е и т.н. bossware – софтвер кој го мери секој клик, секое доцнење, па дури и „неактивноста“, без разлика дали вработениот размислувал, планирал или разговарал со колега. Резултатот? Чувство на губење контрола.
Менталното здравје на младите работници во пад
Истражување на Националното биро за економски истражувања покажува дека работниците помлади од 25 години денес се речиси еднакво незадоволни како и нивните невработени врсници. Особено се погодени младите жени.
Како младите одговараат на оваа ситуација?
Најчестите одговори се два:
- Премин кон фриленс или започнување сопствен бизнис – поради поголема автономија.
- Поддршка на синдикалното организирање – кое повторно расте меѓу помладите генерации.
„Ако некој работел 20 години во голема компанија и сепак останал без работа, зошто би верувал дека тоа е стабилен пат?“, прашува Јун.