Јасно ги поставуваат приоритетите (и знаат кога да кажат „не“)
Успешните жени знаат дека не можат да бидат насекаде и за секого. Тие мудро ја насочуваат својата енергија и без грижа на совест го одбиваат она што ги заморува или ги оддалечува од целите. За нив, to-do листата е алатка, не товар.
Почни го денот со 3 најважни задачи. Сè друго е бонус.
Имаат мали ритуали што го хранат телото и умот
Без разлика дали тоа е утринска прошетка, медитација, здрав појадок или вечерно „исклучување“ интернет, успешните жени имаат свои мали ритуали што им помагаат да останат стабилни дури и во најхаотичните денови.
Пронајди една навика што ти годи и направи ја дел од денот, макар траела само 10 минути.
Учат секој ден – без изговори
Не мора тоа да е некој тежок курс или дебела книга. Понекогаш е доволен инспиративен подкаст, добар текст или разговор што ти го шири видикот. Тие знаат: знаењето е моќ, особено ако го надградуваш постојано.
Зацртај: секој ден барем 10 минути учи нешто ново што ќе ти користи.
Се грижат за себе – без чувство на вина
Јасно им е дека ако не се грижат за себе, нема да имаат капацитет да бидат тука за другите. Не е себичност ако си земеш пауза, ако отидеш на масажа или едноставно си останеш дома наместо на уште едно дружење.
Закажи време за себе во календарот, како за важен состанок. Затоа што ти си важна.
Се опкружуваат со луѓе кои ги инспирираат и поддржуваат
Успешните жени не бараат совршен круг, туку искрени, топли и охрабрувачки луѓе. Сакаат околу себе да имаат такви што ги слават нивните успеси, ги слушаат без осуда и знаат да ги мотивираат.
Погледни го својот круг на луѓе – дали те полни или те празни? Можеби е време за свесен избор и тука.
Успехот не е гламур, туку секојдневни избори
Да бидеш успешна не значи да имаш совршен живот. Тоа значи да живееш според своите вредности, да правиш свесни избори и да ја ставиш грижата за себе на врвот на листата. Овие навики не бараат многу – само малку волја да почнеш. Зошто да не биде тоа денес?
Извор: Webmind редакција