„Out of Office“ е новата статусна икона: Како одморите станаа симбол на моќ

Порано, статусот и моќта се мереа преку бројот на состаноци, големината на канцеларијата и бројот на е-пораки на кои успеваш да одговориш во текот на денот. А денес? Најголемиот симбол на моќ е автоматската Out of Office порака која вели: „Во моментов сум во Португалија. Учитам да сурфам. Ќе се јавам кога ќе фатам бран и сигнал.“

odmor-4097-fi

Извор: Freepik

Во ерата на хиперпродуктивност и постојана достапност, највредниот статусен симбол повеќе не е Tesla, скап часовник или канцеларија на последниот кат туку вистински, искрен, дигитално замолчен одмор. Оние што можат да си го дозволат луксузот на недостапност, испраќаат јасна порака: „Толку добро ја вршам работата, што можам и да исчезнам.“

Во свет каде што достапноста е новата норма, недостапноста станува вистински луксуз. Оние што навистина умеат да се исклучат – без грижа на совест, без „само да проверам мејл“  често се токму оние кои се на самиот врв.

CEO и Out of Office пораки

Сè почесто се појавуваат креативни Out of Office пораки кои не се само информативни, туку вистински став.

Една директорка на комуникации напиша:
„Во моментов сум на одмор и се обидувам да ја заборавам лозинката од мејлот. Ако ме пронајдеш  значи нешто не е во ред.“

Еден CEO напиша:
„На планина сум. Телефонот нема сигнал, а ни јас волја.“

Овој тренд испраќа важна порака: се нормализира правото на одмор. И тоа не било каков – туку целосен. Таков што подразбира недостапност на Slack, Zoom и WhatsApp. Компаниите што го поддржуваат ова, често имаат посреќни и попродуктивни тимови.

Во нашиот регион, сепак, сè уште често практикуваме „лажен одмор“. Носиме лаптоп на море, читаме мејлови додека децата скокаат во плиткото и одговараме на клиенти со пешкир на глава.

Но, можеби е време да го преиспитаме значењето на успехот. Зашто, ако не можеш да отидеш на одмор без лаптоп – можеби работата управува со твојот живот, а не обратно.

И за крај: ако не знаеш како да напишеш Out of Office порака – тоа е првиот знак дека навистина ти треба пауза.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.