Според нова студија од Станфорд, спроведена од економистот Ник Блум, хибридниот начин на работа ја намалува стапката на напуштање на компаниите за една третина. Студијата откри дека во една фирма хибридниот начин на работа немал никакво влијание врз перформансите, но го зголемил задржувањето на вработените.
Хибридниот начин на работа не исчезнува – и тоа може да биде добро за задржувањето на вработените, според новото истражување.
Ник Блум, економист од Станфорд и експерт за работа од дома, е коавтор на трудот за влијанието на хибридниот режим во големата, мултинационална кинеска технолошка компанија Trip.com, за време на шест месеци помеѓу 2021 и 2022 година. Вработените кои учествуваа во истражувањето работеа три дена во неделата во канцеларија и два дена од дома.
Трудот, објавен во научното списание Nature, откри дека хибридниот начин на работа не влијаел врз деловните перформанси. Всушност, задоволството од работата се зголемило, а стапката на напуштање се намалила за една третина. За „оние кои не се менаџери, вработените жени и оние кои патуваат до работа“, падот бил особено значаен, се наведува во извештајот.
Придобивки од хибридниот начин на работа
Придобивката од задржувањето на хибридниот начин на работа може да биде исклучително голема за било кој бизнис, без разлика дали станува збор за мал стартап во САД или поголема организација.
„Напуштањата на компанијата се навистина скапи… Тие подразбираат навистина многу потрошено време за HR, менаџерите, и чинат повеќе десетици илјади долари“, наведува Блум.
Менаџерите биле скептични во поглед на влијанието на хибридниот начин на работа врз продуктивноста, но по студијата имале целосно позитивен став. За Блум, ова укажува на негативната перцепција што некои лидери ја имале за работата на далечина.
„Но, тоа не е хибрид“, истакна тој.
Додека работата на далечина кај некои влијаеше на пад на продуктивноста, хибридниот начин на работа се појави како најпосакуван и најчест аранжман со можности за работа од дома по пандемијата, наведува Галуп.
Вработените кои работат хибридно, како и лидерите и менаџерите ги пофалија придобивките а тоа се подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот, намален burnout и поголема ефикасност, според Галуповиот извештај. Тоа не значи дека нема предизвици – и вработените и менаџерите идентификуваа проблеми со соработката и негување на културата на работното место.
Со овие нови откритија, заклучи Блум, „доказите се против повикувањето на луѓето да доаѓаат пет дена во неделата во канцеларија“.