Бродовите во иднина ќе гo користат ветрот за да ги намалат СО2 емисиите

Синџирите на снабдување зависат од поморскиот транспорт. 90% од стоките и суровините во светот се транспортираат по морски пат. Како резултат на тоа, огромни количини на штетни гасови се ослободуваат во атмосферата.

brodovi-vo-idnina-1938-fi

Извор: Vessel Finder

Натоварен контејнерски брод може да согорува до 150 тони фосилно гориво дневно. Според Меѓународната агенција за енергетика, превозот е главен извор на емисијата на CO2, што произведува околу 2% од вкупните глобални емисии. Во април 2018 година Меѓународната поморска организација одлучи да ги намали емисиите на штетни гасови во транспортот за најмалку 50% до 2050 година во споредба со основната вредност од 2008 година, пишува Баг.

Ваквите амбициозни цели за намалување на штетните СО2 емисии звучат одлично, но достигнувањето не е воопшто едноставно. Неопходни се изнајдат технолошки решенија кои ќе овозможат користење на обновливи и помалку штетни извори на енергија наспроти фосилните горива. Пример е товарниот брод Pyxis Ocean кој во август 2023 година влезе во историјата испловувајќи од Шангај, Кина кон јужното бразилско пристаниште Паранагуа, оддалечено речиси 25.000 километри со можност на ова патување наместо фосилни горива да ја надополни својата потреба од гориво  со енергијата од ветерот. На Pyxis Ocean беше првиот брод што го тестираше пионерскиот WindWings систем од 37,5 метри високи, склопливи челични и фиберглас едра, кои можат да ја искористат енергијата на ветерот.

Едрата се дизајнирани од британската компанија BAR Technologies, изградена од норвешката Manta Marine Technologies и инсталирани во Кина на брод изнајмен од меѓународната компанија Cargill. Едрата се резултат на амбициозната меѓународна соработка во проектот CHEK, за кој пловните објекти беа одобрени од Европската унија преку нејзините фондови за да му помогнат на комерцијалниот брод во намалувањето на емисиите на CO2. Проектот беше координиран од директорот на Vaasa Energy Business Innovation Center (VEBIC) на Универзитетот во Вааса во Финска, Сува Каририн.

Патувањето на Pyxis Ocean од Шангај до пристаништето Паранагуа во јужен Бразил го обезбеди првиот тест за ефикасноста на WindWings во реалното пловење и можноста да се процени дали враќањето на традиционалниот метод на пловење може да се користи во комбинација со други методи во комерцијалниот превоз. Во мај 2024 година DNV Maritime Advisory, меѓународна агенција за сертификација и тестирање, потврди дека за време на пловењето во поволни услови двете едра WindWings инсталирани на Pyxis Ocean ја намалиле потрошувачката на енергија на главниот мотор за дури 32% по наутичка милја. Технологијата WindWings се очекува да биде широко прифатена со текот на времето и ќе биде инсталирана во 20 нови пловила.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.