Да се потсетиме: NFT се уникатни URI поврзани со сите видови средства и постојат во јавните бази на податоци исто така наречени и блокчејни. Но, не сите блокчејни. Блокчејн може да хостира NFT само ако е програмабилен, односно способен да хостира програми што поддржуваат креирање на NFT.
Овие токени се состојат од уникатно кодирање, поради што секој NFT е единствен односно незаменлив, но повеќе за тоа во овој NFT водич.
Но, ако веќе ги знаете основите на NFT, ајде да продолжиме понатака и да ве научиме како да ги креирате.
Што значи да се креира NFT?
Креирање NFT е создавање или производство на нешто, пред сè на монети. Во овој случај, креирање NFT е термин кој се однесува на создавање на NFT токени. Блокчејните ги спојуваат записите што содржат криптографски хешови – збир од знаци кои единствено идентификуваат збир од податоци – со претходни документи складирани на мрежата за да се создадат NFT, поврзувајќи ги во верига од препознатливи блокови на податоци. И така се креираат NFT.
Ако ова не е доволно, еве уште едно објаснување:
Да речеме дека сакате да креирате NFT, да ги поставите за продажба на OpenSea и да ги продадете вашите незаменливи токени на неколку колекционери/купувачи. Но, за тие купувачи да можат да ја најдат вашата колекција на пазарот, прво треба да ја направите видлива на блокчејн по ваш избор.
Извор: Freepik
Значи, креирањето на NFT во суштина значи објавување на таа единствена низа податоци поврзани со вашиот NFT на блокчејн. Овој процес им овозможува на корисниците да купуваат/продаваат незаменливи токени и создава перманентна евиденција на средства вградени во блокчејн мрежата.
Што е потребно за креирање на NFT?
Креирањето на NFT може да биде премногу збунувачко за почетниците. Значи, ајде да го разгледаме овој мини водич што ќе фрли малку светлина врз процесот на создавање на NFT.
Без разлика дали сте почетник или искусен професионалец, еве како да создадете NFT:
Создадете го средството што сакате да го поврзете со NFT
Создавање на NFT започнува со создавање на дигитално средство што сакате да го поврзете со вашиот NFT. NFT е несомнено поврзан со дигиталната уметност, но не мора нужно да одите во оваа насока. Меѓутоа, ако сакате да го направите ова на лесен начин, препорачливо е да се придржувате до привлечни визуелни слики што ќе ги привлечат купувачите.
Се разбира, потрудете се да ја искористите вашата креативност и да испорачате досега невидена уметност. Милиони NFT се на пазарот, поради што императив за уметниците е да најдат начини да се издвојат од толпата.
Изберете паричник и блокчејн
За да се продаваат NFT и да се комуницира со нив, тие мора прво да бидат запишани на блокчејнот. Но, не сите блокчејнови се погодни за NFT. Биткоин блокчејн, на пример, е за крипто, додека Ethereum (етериум) е најпопуларниот блокчејн за креирање NFT.
Извор: Freepik
Дали се прашувате, кои се трите најдобри врвни блокчејни за NFT и зошто?
Да почнеме со факторите кои ги одредуваат најдобрите блокчејнови за NFT и зошто:
- Брзина на трансакцијата и цена: Блоковите на кои е креиран вашиот NFT потребно е да можат да поддржат голем број трансакции за да се избегне допонително доработување. Трошоците за трансакцијата се исто така значајни бидејќи може да го олеснат вашиот џеб. Брзината на трансакцијата ги диктира цените, и од суштинско значење е да се земат предвид при изборот на блокчејн.
- Паметни договори: NFT функционираат на паметни договори или програми кои поставуваат услови за одредени блокчејн трансакции. Затоа, најдобро би било да изберете блокчејн со добро развиени паметни договори, кои не само што се безбедни, туку и функционални (Ethereum е еден од најдобрите примери).
- Механизми за консензус: Механизмите за консензус ја одредуваат безбедноста, функционалноста, брзината и многу други аспекти на блокчејнот. Сепак, влијанието врз животната средина на консензусниот модел на блокчејн е најважно во ова сценарио.
Блокчејновите како што е Биткоин користат механизам за консензус за доказ за работа, што резултира со голема потрошувачка на електрична енергија. Prove of work / PoW (доказ за работа) не е еколошки, поради што од клучно значење е да се одлучите за блокчејнови кои користат позелени алтернативи, како што е консензусниот модел на Prove of stake / PoS (доказ за удел).
Сега кога знаете кои фактори играат улога во одредувањето на најдобрите блокчејни за создавање на NFT, еве го нашиот избор:
- Ethereum: Ethereum е најголемата база на податоци за NFT. Користи механизам за консензус за доказ за удел и има потенцијал да се справи со приближно 100.000 трансакции во секунда.
- Flow: Најдобрата алтернатива за Ethereum е Flow, релативно новиот блокчејн кој доминира на пазарот од своето основање. Не е толку брз како Ethereum, но неговиот прототип постигна 1.000 трансакции во секунда (TPS), што е екстра брзо како за почеток. Неговите девелопери се стремат кон 10.000 TPS, а бидејќи Flow се базира на PoS, оваа цел е остварлива.
- Solana: Ниските трошоци се главната причина да се избере Solana пред другите блокчејни. Solana користи PoS и сепак е поодржлив од Ethereum.
При изборот на блокчејн, неопходно е да се најде паричник што ја поддржува валутата што ќе ја добиете или ќе ја користите за да го платите креирањето на NFT. Паричникот исто така треба да овозможува да ги чувате вашите NFT колекции.
Најдете го вашиот паричник со кој ќе го поддржите креирањето на NFT
Верувале или не, најверојатно ќе треба да платите за креирање на NFT. На крајот на краиштата, конвертирањето на дигиталните податоци во криптографски средства засекогаш складирани на блокчејн троши одредена количина на енергија. Дополнително, на повеќето блокчејни ќе им треба најмалку една мрежна трансакција за операции за креирање, а одговорноста да ги покрие овие надоместоци ја има на самиот креатор.
Поврзете го вашиот паричник со пазар по ваш избор
Исто така, треба да земете во предвид дека различни пазари поддржуваат NFT од различни блокчејни. Значи, ако се одлучите за блокчејн Ethereum и паричник компатибилен со ETH коини, ќе мора да користите пазар што поддржува NFT запишани на овој блокчејн.
Извор: MetaMask
Не мора ни да прашувате – еве како да го поврзете вашиот паричник со NFT пазар:
Да го искористиме најпознатиот пример – OpenSea.
Ако ја посетите официјалната веб-страница на OpenSea, ќе најдете илустрација за паричникот во горниот десен агол на страницата. Кликнете на него и OpenSea ќе наведе неколку опции за паричникот, па изберете го паричникот што сакате да го користите за потребите за креирање NFT (ако имате паричник MetaMask, кликнете на иконата MetaMask, итн.)
Еве еден пример со дигитален паричник MetaMask. Со кликнување на паричникот MetaMask се отвора нов таб, овозможувајќи им на корисниците да инсталираат MetaMask на нивниот пребарувач.
Извор: MetaMask
Ако веќе имате паричник MetaMask, треба да преминете на фазата за обновување. Ако немате, потребно ви е поставување на паричникот. Во двете сценарија, вашиот паричник ќе биде поврзан со OpenSea на крајот од процесот.
Потоа, вратете се на почетната страница на OpenSea, повторно изберете го давателот на услугата за дигитален паричник и кликнете на копчето Next.
Извор: MetaMask
OpenSea ќе го поврзе вашиот паричник со платформата. Изберете Accept and Sign и ќе добиете пристап до вашиот паричник преку OpenSea. Сега можете да го финансирате вашиот паричник и да ги искористите тие пари за да купите NFT на OpenSea или да ги покриете трошоците за креирање на NFT.
Извор: MetaMask, OpenSea
И вашиот паричник и NFT пазарот се поврзани.
Креирајте го вашиот NFT
Сега кога е завршен најкомплицираниот дел од креирањето на NFT, време е да го завршите процесот со прикачување на вашата работа. Прво, посетете го пазарот по ваш избор. Ако прикачувате на OpenSea, кликнете на копчето Create, прикачете ја вашата дигитална датотека и пополнете ги потребните детали, вклучувајќи го снабдувањето, името на колекцијата, блокчејнот и описот на вашиот материјал.
Извор: Freepik
Она што е одлично за OpenSea е тоа што нуди „мрзливо“ креирање. Нема да мора да ги плаќате трошоците ако ја изберете оваа опција. Наместо тоа, надоместокот ќе се наплаќа откако ќе го префрлите вашиот NFT на друга сметка или откако ќе го продадете на некој друг. Во тој случај, купувачот ќе биде одговорен за покривање на овој трошок.
Од друга страна, ако сакате веднаш да го искреирате вашиот NFT, платформата ќе пресмета колку ETH треба да се префрли од вашиот паричник на OpenSea. Откако ќе се изврши трансакцијата, вашиот NFT ќе биде креиран, или, со други зборови, вашите NFT податоци ќе бидат објавени јавно на блокчејнот Ethereum (се разбира ако креирате NFT на Ethereum).
Но, генерално, на OpenSea не треба да се грижите за трошоците. Но, имајте предвид дека не сите платформи ја нудат оваа погодност.
Менаџерот на OpenSea колекцијата им дозволува на креаторите да прават NFT без претходни трошоци, бидејќи NFT не се пренесува на веригата додека не се изврши првото купување или трансфер.
Која е целта на креирање на NFT?
Едно од најчестите прашања што луѓето го поставуваат во дебатите за NFT е: „Зошто не можам едноставно да направам скриншот?
Па, можеш.
Но, сепак, скриншот на NFT не ве прави сопственик на тој NFT.
Ако го посетите музејот Лувр и ја фотографирате Мона Лиза, станувате ли сопственик на сликата?
Се разбира дека не.
Можете да ја чувате во вашиот телефон, да ја покажувате на вашите пријатели, па дури и да ја споделите на Фејсбук, но не можете да ја продадете. Не можете ни да барате сопственост на сликата бидејќи секој што го посетува музејот знае дека прекрасната Мона Лиза сè уште почива во Лувр.
Истото правило важи и за NFT.
Веќе утврдивме дека NFT се чуваат на блокчејн. Низата податоци што сега се наоѓаат на тој блокчејн ја потврдува неговата легитимност. И бидејќи податоците за блокчејн не можат да се променат или отстранат од мрежата, креирањето на NFT е почеток на историјата на тој NFT.
Извор: Freepik
Секој пат кога NFT е продаден, блокчејнот на кој тој се наоѓа ја евидентира таа трансакција и го документира сопственикот. На тој начин NFT технологијата може да се користи како претставување на сопственоста на единствени средства.
Дали креирање на NFT чини пари?
Да, креирање на NFT чини пари. Без разлика дали ќе се одлучите за стандардно или „мрзеливо“ креирање, некој ќе мора да ги покрие трошоците што се користат во процесот на објавување на NFT на блокчејн.
Единствената разлика помеѓу стандардното и мрзеливото креирање е тоа што второто ви овозможува да избегнете трошоци. Како што споменавме претходно, купувачите на NFT ги покриваат надоместоците при мрзливо креирање, додека креаторот на NFT е одговорен за трошоците за креирање на NFT ако се одлучи за креирање на своите средства на старомоден начин.
Цените на креирањето NFT варираат. Како општо правило, основен NFT може да се изработи за сума помеѓу $1 и $1.000.
Колку време е потребно за да се креира NFT?
Креирањето на NFT може да потрае и до неколку часа. Меѓутоа, во повеќето случаи вашиот NFT ќе се искреира за 10-30 минути. Времето потребно за документирање на NFT на блокчејн првенствено ќе зависи од платформата што ја користите за креирање. Некои платформи нудат алатки кои ќе го забрзаат процесот, овозможувајќи ви да го искреирате NFT за неколку минути.
Сепак, мора да земете предвид и колку NFT сакате да креирате. На пример, за еден NFT несомнено е потребно помалку време од креирање на цела NFT колекција.
Дополнително, да го земеме предвид времето потребно за создавање на NFT. Ако ви се потребни десет дена за да направите дигитално средство што ќе биде креирано на блокчејн, не е важно дали можете да го креирате за помалку од 10 минути – сепак би вложиле 10 дена од вашето време во овој проект.
Можете ли да продадете NFT по креирање?
Секако дека можете – тоа е на некој начин целта на креирањето. Вашето дигитално средство ќе се чува на децентрализирана база на податоци и додека купувачот не го купи, вие сте сопственикот. Ова ви овозможува да правите што сакате со вашите средства. Можете да го задржите или да го поставите на NFT пазарот, каде што ќе го најде патот до својот нов сопственик.
Извор: Freepik
И еве сме на крајот – ова е науката која стои зад креирањето на NFT. Сега кога разбирате како да креирате NFT и која е целта зад овој процес, подготвени сте да зачекорите на NFT пазарот.
Во следната статија, ќе разговараме за разликата помеѓу креирање NFT преку NFT платформи и распоредувањето на вашите уникатни паметни договори за цели на креирање. И кој знае – ако ја прочитате и следната статија, можеби ќе ја унапредите вашата стратегија за креирање на NFT.