Како се копаат криптовалути?

Првичната „златна треска“ за ископување на криптовалути што започна во 2017 година беше прилично краткотрајна, но доживеа непосакуван ефект на зголемување на барањата за графички процесорски единици (GPU) низ целиот свет. Овој процес на копање или „рударење“ повлекува процес на валидација на трансакции со криптовалути на блокчејн мрежа. Овие трансакции се додаваат во дистрибуирана книга, а крипто-рударите се наградуваат со нови коини кои се создаваат во тој процес.

kako se kopaat kriptovaluti

Илустрација: Милица Мијајловиќ

Иако постојат специјални машини за копање како линијата на производи на Bitmain, кои се специјално создадени за копање коини (најчесто биткоин или негови деривати), секој што има компјутер би можел, во суштина, да се приклучи во трката на копање нови коини. Трикот е да се пронајдат профитабилни коини за копање, бидејќи целиот процес троши огромни количини на електрична енергија и бара скап хардвер за да сето тоа биде профитабилно. Заедно со хардверот, софтверската компонента исто така има за цел да реши комплицирани криптографски и математички равенки во процесот на копањето. Конечно, последниот дел што го бара крипто-рударот е крипто-паричник во кој ќе се депонираат ископаните коини.

Кој е најлесниот коин за копање?

Најпрофитабилните криптовалути обично стануваат се потешки за копање со текот на времето, и дополнително, операциите за ископување крипто од големи размери и компаниите имаат акумулирана огромна моќ за хаширање (хашот се однесува на криптографската загатка која копањето се обидува да ја реши – се користи за да се одреди колку пресметки обезбедува мрежата  во секунда), што го прави уште потешко. Додека копањето е концепт на намалени маргинални приноси, бидејќи помалку пари се распределуваат меѓу повеќе крипто-рудари, корисниците со пристоен графички процесор сè уште можат лесно да се приклучат.

Имено, базен за копање или рударење, најмногу би имал смисла за почетниците кои сакаат да се запознаат со деталите за копањето. Базенот е, во суштина, група крипто-рудари кои ја комбинираат својата моќ и работа за да решат сложени равенки и да ја поделат наградата меѓу себе. Предноста на  базенот е тоа што не бара сложен и скап хардвер, но недостаток е малата заработка.

Меѓу базените за копање и криптовалутите воопшто, токенот Monero (XMR) претставува еден од најлесните, ако не и најлесниот коин за копање. Изграден е со помош на протоколот CryptoNote користејќи RandomX хаш функција. Процесот на копање е отпорен на ASIC, што значи дека сите крипто-рудари користат  consumer-grade хардвер, а индустриски крипто-рудари како ASIC на Bitmain не можат да се користат.

Почетниците можат да копаат XMR со користење на процесор или графички процесор, иако со користење на процесор, ќе биде потребен софтвер како што XMRig или CSminer.

Кое крипто да го ископувам денес?

Иако има над 21.000 токени на 522 берзи, според податоците на CoinMarketCap од минатата година, не може сите да се копаат и не се сите профитабилни за копање, поради што ќе ги разгледаме 10-те коини што се профитабилни.

Monero (XMR)

Најдобриот и најлесниот коин за копање за крипто почетници, бидејќи не бара сложен хардвер, а има и бројни базени за копање фокусирани на XMR, што го прави многу достапен. Станува збор за коин за приватност, наречен и приватно крипто, па неговата употреба би требало да се гарантира во иднина. Еден XMR се ископува на секои 24 секунди, а честите исплати се норма на базените за копање.

Zcash (ZEC)

Коин што се користи за брзи трансакции, првично дизајниран да биде отпорен на ASIC, што го олеснува ископувањето. Предностите на копање на овој коин се слични на XMR, бидејќи ZEC постои долго време, има многу профитабилни базени за копање и не е потребен скап хардвер, дури и ако се започне самостојно копање.

Bitcoin Gold (BTG)

Spinoff на најпопуларниот крипто во светот, биткоин (BTC), и дизајниран да може да се копа со користење на вообичаена опрема, користејќи го алгоритмот Equihash, кој е отпорен на ASIC. Има многу базени за копање, и скоро на сите берзи имаат BTG парови, така што нивна продажба за декретни пари (fiat money) е прилично лесна.

kopanje kripto

Извор: Envato

Dogecoin (DOGE)

Меме-коин со бесконечна понуда е тешко да се оправда како профитабилен за копање, но големата возбуда и непредвидливите модели на тргување околу овој коин, сè уште го прават профитабилен за копање. Иако е потребна сериозна опрема за да се направи потфатот профитабилен, DOGE исто така може да биде копан од почетници кои користат процесор и/или графички процесор.

Helium (HNT)

Единствен коин што може да се ископува со користење на радио бранови, на сите корисници им е поребен Helium рутер, кој ќе им овозможи да заработат HNT да обезбедат поврзување. Целта на проектот е да обезбеди поврзување и траење на проектите и уредите за Интернет на нештата (IoT).

Ravencoin (RVN)

Дериват од биткоин (another fork of bitcoin), иако овој има многу ниски хардверски барања, каде графичките процесори од 4 GB сè уште можат профитабилно да го ископуваат коинот. Мрежата има ниски надоместоци, а целта е коинот да се користи за токенизирање на средствата од реалниот свет.

Vertcoin (VERT)

VERT, исто така познат како коинот за копање, бидејќи целта беше да се создаде коин  лесен за ископување. Ова  е најекономичната опција за копање, бидејќи постариот хардвер може да ги ископува коините, па дури и мобилните телефони можат да влезат во акцијата.

Haven Protocol (XHV)

Иако е едвај профитабилен, сепак е добар почетници бидејќи е базиран на Monero. Друга карактеристика што ја нуди овој коин е конвертирање на XHV во други токени за декретни пари, создавајќи синтетички декретни пари и криптовалути. Слично на Monero, има многу базени за копање, што го олеснува ископувањето и пристапот.

Monacoin (MONA)

Првиот јапонски крипто, создаден во 2013 година, претставува друг тип на меме коин. Отпорен е на индустриско копање, така што корисниците со постар хардвер можат да се приклучат на забавата. Понатаму, има голем број на базени за копање за да го направат потфатот позабавен отколку соло копање.

Aeternity (AE)

Со оглед на тоа што Ethereum (ETH) сега е надвор од сликата со копањето откако Merge го означи како доказ за влог и фактот што Solana не може да се ископува, AE се појавува како можно решение. Станува збор за проект фокусиран на водење паметни договори и децентрализирани апликации. Во моментов, криптото може да се ископува со користење процесори, графички процесори, па дури и ASIC крипто-рудари, но конкуренцијата сè уште не е голема.

Која криптовалута е најпрофитабилна за ископување?

Иако копањето е губитничка игра на долг рок, а крипто-рударите ќе добиваат се помалку и помалку награди како што поминува времето, сепак има неколку коини кои вреди да се ископаат. Vertcoin, коинот на крипто-рударот, го има најдобриот предуслов бидејќи не бара сложен хардвер за да  започне, што го прави копањето профитабилно за крипто-рударите од мал обем. Monero е близок ривал на VERT, бидејќи има повисока цена, постои многу подолго и може да се каже дека е една од најлесните коини за копање.

Почетниците во копањето би можеле да се одлучат за решение со еден клик што го нудат крипто-рударите на VERT и постепено да се запознаат со копање XMR, бидејќи и двете во моментов ги претставуваат најдобрите опции.

Која е најдобрата криптовалута за инвестирање?

За оние кои не сакаат да се инволвираат во копање, туку сакаат да добијат одредена изложеност во светот на крипто, инвестирањето во коини е секако опција. Бидејќи има бројни токени, може да биде тешко да се одлучи каде да се инвестира, особено затоа што цените на крипто се движат брзо и непредвидливо.

Без оглед на различните проекти кои доаѓаа и поминаа низ годините, и биткоин (BTC) и етереум (ETH) ги претставуваат најбезбедните инвестициски движења во крипто просторот. Корисниците кои инвестираат во овие два токена честопати велат дека BTC е злато, а ETH сребро, укажувајќи на фактот дека тие се сигурни инвестиции кои сигурно ќе се ценат со текот на времето. Има и други ветувачки проекти чии токени би можеле да забележат метеорски пораст, но BTC и ETH засега ги претставуваат најбезбедните инвестиции во крипто светот.

Дино Курбеговиќ е проектен координатор, инвеститор и технолошки ентузијаст, кој долги години управува со комплексни проекти. Неговото патување во креирањето содржини започна во 2014 година, опфаќајќи теми од областа на финансиите, инвестициите, криптовалутите, технологијата и други сложени технички теми.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.