Lifestyle
Добро познато сценарио. Обврски, состаноци, мејлови... Бескрајна листа на обврски во денот, плус нотификации од групата за родители, пријателките се обидуваат да ве договорат за кафе... А вие по трет пат го читате
Светот го одбележа Меѓународниот ден на кафето Ние го искористивме поводот за да поставиме едно поважно прашање: како всушност ги започнуваме нашите…
Терапијата со црвено LED светло (red light therapy), односно фотобиомодулација, во последните години излезе од дерматолошките ординации и стана дел од секојдневните beauty и wellness рутини Денес ја среќаваме во LED маски, панели за целото тело, третмани во салони, но и во програми за закрепнување по…
Повеќе
Денешното бикини ни делува како сосема вообичаен дел од гардеробата. Тешко е да се замисли дека пред осум децении било толку контроверзно што ниедна професионална манекенка не сакала да го облече, државите го забранувале по плажите, а верските институции го осудувале како симбол на неморал.
Вистина е дека смеата е најдобриот лек. И дека можете да ја употребите и кога ништо не ви е смешно. Исто така, хуморот во врската и во животот спаѓа во здравите одбранбени механизми. Добро е да се согледа смешната страна на драмата, да се смееме на сопствените слабости и да се ублажат тензиите. Секако, на вистински начин, во кој нема секогаш да го држите хуморот како штит од ранливоста.
На прв поглед, перфекционизмот делува како квалитет особина вредна за пофалба која нè мотивира да се усовршуваме и да напредуваме. Луѓето кои имаат високи стандарди главно добиваат пофалби поради својата посветеност, дисциплина и амбиција. Меѓутоа, она што изгледа како стремеж кон најдобрата верзија од себе станува непрекинат притисок кој носи исцрпеност и чувство дека ништо никогаш не е доволно добро. Во таа смисла, отпуштањето на перфекционизмот претставува токму ослободување од притисокот и прифаќање на поопуштен пристап.
Кога зборуваме за здравјето, најчесто мислиме на моментот кога веќе ќе се појави симптом. Болка во градите, замор кој не поминува, промена на кожата, прескокната контрола, анализа која ја одложуваме со месеци. Сепак, во развиените здравствени системи, особено во северна Европа, на здравјето сè помалку се гледа како на реакција на болест, а сè повеќе како на навика која се гради навреме.
Со генерации, прашањето за мајчинството беше поврзано со јасно дефиниран животен редослед. Образование, работа, брак и деца – чекори што следеа еден по друг по релативно предвидлив пат. Денес тој модел сè помалку одговара на реалноста.
Додека социјалните мрежи често промовираат луксузни патувања, скапи ресторани и ексклузивни дестинации, еден од најубавите летни трендови оваа година е сосема поинаков. Станува збор за едноставно уживање во сопствениот простор – летни вечери на балкон.