Lifestyle

Станбениот кредит обично почнува со едно прилично едноставно прашање: колкава рата можам да си дозволам денес? Но кога кредитот е на 20 или 30 години, поважното прашање е дали финансискиот план може да
Дизајнерска чанта, скап часовник или егзотично патување долго време беа првите асоцијации за луксуз Денес, таа претстава полека се менува Наместо едно големо купување, сè почесто избираме мали задоволства што можеме да си ги дозволиме почесто Добро кафе, нов парфем, квалитетен кармин, букет цвеќе,…
Кога ќе помислиме на детството, обично прво ни паѓаат на ум некои големи настани – летувања, родендени, празници, патувања или подароци што долго сме ги посакувале Но спомените што остануваат со нас често се создаваат во многу пообични…

Повеќе

Од модна перспектива, последните неколку години делуваат речиси како своевиден моден сон. Трендовите за кои верувавме дека засекогаш исчезнале од плакарите, повторно се вратија. Патиките со скриена платформа и војничките јакни се пак на листите со желби на многу љубители на модата. Истовремено, athleisure – некогаш само популарен збор од модниот речник на 2010-тите, денес станува речиси идеал на современиот начин на облекување во 2026 година, а модата инспирирана од спортска облека станува сè попопуларна.
Кога беше објавен бестселерот на Гери Чепмен, „Петте јазици на љубовта“ (The Five Love Languages), целиот свет стана посвесен за артикулирањето и управувањето со емоциите. Квалитетното време, чиновите на служење, зборовите на потврда, давањето подароци и физичкиот допир постепено станаа задолжителен дел од емоционалното воспитување и култура. Подоцна, на овие јазици беа додадени и емоционалната сигурност и заедничките искуства. Меѓутоа, нови јазици на љубовта и понатаму се откриваат, односно се препознаваат.
Во светот каде листите со обврски се бескрајни, а времето е скапоцено, одржувањето на пријателствата станува вистински предизвик. Работата, семејството, секојдневните ситници, сето тоа често ги голта нашите планови за средби со луѓето кои ги сакаме. Но, смисленото поврзување со луѓето е клучни за менталната рамнотежа бидејќи и покрај постојаното движење меѓу луѓе, можете да се чувствувате изолирано и осамено.
Во нашата култура „машко е“ претставува семеен триумф при раѓањето на детето. Подоцна, додека детето расте, „машко е“ станува оправдување за сите палавштини. И некако, кога ќе пораснат, мажите и понатаму остануваат палави момчиња, но овој пат соочени со женскиот гнев кој изјавата „мажи“ ја претвора во дијагноза. Токсична машкост, велите? Како ли настанува тоа?
Во моментот кога голем дел од Европа расправа за туристички такси, ограничувања на бројот на посетители и лимити за крузери, Шведска зазема целосно поинаков пристап.
Ако терминот „матресценција“ ви личи на „адолесценција“, целосно сте во право. Се работи за преодна, развојна фаза низ која веќе сте поминале кога сте родиле бебе. Иако го опишува универзалното искуство на младите мајки кои се борат да се снајдат во новата (до)животна улога, матресценцијата сè уште не е вклучена во речниците.