Овие музи од 90-тите се наша beauty и стилска инспирација

Секој период е добар за да се заигра со шминката и стилот, особено кога малите детали прават голема разлика. Трендовите од 90-тите повторно се враќаат и совршено одговараат на актуелниот естетски правец: темни кармини, силни веѓи, разлетана коса и едноставни, но впечатливи аутфити.

beauty-4936-fi

Извор: easylife.rs

Токму овие музички и модни икони се нашата инспирација.

Музите од 90-тите: Иконични убавици како beauty инспирација

Девојките од тоа време – Кејт Мос, Шаде, Мини Драјвер и Керолин Бесет Кенеди се вистински водич за стил и убавина. Нивните препознатливи детали како впечатлив кармин, специфична текстура на косата, минималистички, но ефективни нијанси нудат безброј идеи за автентичен и силен изглед, без разлика дали е за секојдневие или специјални моменти.

Kate Moss

Го разгледавме повторно street style стилот на Кејт Мос која е вистинска модна икона низ децении. Нејзините минималистички, опуштени комбинации беа едноставни, но во истиот момент подготвени да блеснат како вистински glam. Разлетана коса, тенок слој маскара и малку сјај на усните можат да бидат подеднакво впечатливи како и ноќните изгледи со тежок ајлајнер и долги трепки.

Нејзиниот избор на шминка е секогаш минималистички: румени образи, маскара и сјај на усни – доволно за целосен изглед. Но еден детал е задолжителен: разлетаната коса.

Sade

Музиката на Шаде е совршена подготовка за излегување, а нејзиниот стил е подеднакво инспиративен. Покрај впечатливите веѓи, смели нијанси на кармини и casual mermaidcore елементи, најпрепознатлива е нејзината плетенка од почетокот на кариерата – залижана напред, впечатлива позади, и идеално комбинирана со различни стилови: од предимензионирани јакни до плетени џемпери.

Црвен кармин со сјај и нежно повлечен ајлајнер ѝ даваат драматичност, но и меко, елегантно присуство.

Minnie Driver

Мини Драјвер првпат привлече внимание во филмот Ella Enchanted, а нејзиниот етеричен изглед брзо ја направи стилска икона. Олабавените локни се одлична инспирација за сите што сакаат природен, effortless стил.

Нејзината кожа со здрав сјај и дискретни пеги потсетува на денешните beauty трендови што ги обожаваат инфлуенсерки како Хејли Бибер. Хидратантни креми, хијалуронски серуми и лесен сјај на усните се идеални за постигнување сличен ефект.

Mädchen Amick

Иако тешко е да се избере една инспирација од актерките во Twin Peaks, Mädchen Amick се издвојува со својот препознатлив изглед.

Мат кафеав кармин, мек волнен џемпер и брановидна кафеава коса со бакарни поднијанси создаваат неодолива комбинација. Малку размачкана сенка и суптилен сјај под долните трепки додаваат мистерија и женствена магичност.

Carolyn Bessette Kennedy

За стилот на CBK можеме да зборуваме многу, а косата ѝ е посебна приказна. Таа речиси секогаш избирала платинести нијанси, носени во низок реп, украсени со дебел рајф или едноставно пуштени секогаш со доза на софистицираност.

Нејзината препознатлива фризура со природни бранови, сјај и разделок на страна е вистинска инспирација. Малку хајлајтер на јагодиците и класичен црвен кармин го заокружуваат нејзиниот безвременски стил.

Garcelle Beauvais

Пред да стане „Bravo royalty“, Гарсел Бове беше It девојка од 90-тите – позната по својата палета темни кармини. Длабоката виолетова нијанса е совршен избор за смел и впечатлив изглед.

Иако нејзините истакнати јагодици тешко се копираат, малку руменило и убаво обликувани тенки веѓи создаваат препознатлив изглед. Долги трепки и волуменозна коса го заокружуваат целиот нејзин стил.

Sadie Frost

Стилот на Сејди Фрост секогаш бил иновативен и разигран. Тешките долни трепки инспирирани од Twiggy, кратката коса со разлетани шишки и разни аксесоари – како пеперутка-шнолите  создаваа визуелно смели комбинации.

Таа потсетува дека и кога модата знае да стане еднолична, малку боја и храброст во стилот можат да внесат живот. Трендот „blush blindness“ само го потврдува тоа: користете руменило без правила најважно е да го носите со самодоверба.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.