Дали тејпингот на лице навистина помага за измазнување на брчките?

Како и многу трендови за убавина и здравје, ниту тејпингот на лице (face taping), всушност, не е нов. Првата лента за оваа намена датира од крајот на 19 век, а во современиот свет нивното користење го популаризираше Холивуд, но тоа малку се разликува од она што го гледате на социјалните мрежи.

taping-5286-fi

Извор: lummi.ai

Многу славни личности (всушност, нивните шминкери) користат ленти за затегнување на лицето за фотографирање, снимање или излегување на црвениот тепих. Меѓутоа, тука станува збор за специјални ленти кои се поставуваат на работ на лицето, помеѓу косата и кожата, и се зацврстуваат во косата. Тие ленти физички ја затегнуваат кожата, скриени се во косата и целосно ја исполнуваат целта. Славните лица кои сакаат да одморат од ботокс или да одложат интервенција, изгледаат совршено и блескаво младолико.

Сепак, популарниот beauty третман се однесува на тејпинг на лицето во текот на ноќта. Идејата е дека несвесните движења во текот на ноќта го „гужваат“ лицето и придонесуваат за создавање брчки, а лентите го спречуваат тоа. И навистина, оние кои користат ноќен тејпинг, наутро забележуваат дека кожата им изгледа посвежо.

За што служи тејпингот на лице и дали има смисла во текот на ноќта?

Што е тејпинг на лице?

Тоа е трик со краткорочен ефект, кој се спроведува со помош на лепливи ленти. Луѓето се креативни, па за оваа намена користат разни лепливи ленти од селотејп, преку кинези-ленти, па сè до фластери. Лентите се лепат на местата каде што брчките се изразени, на челото, од носот кон усните, под очите, вратот, деколтето. Најпопуларно е спиењето со ленти со надеж дека тоа ќе спречи нови брчки и ќе ѝ даде на кожата привремено подигнат и помазен изглед. Лентите би требало да ги „стегнат“ мускулите и да го ограничат нивното движење, спречувајќи ве да се мрштите или да правите други изрази на лицето кои предизвикуваат брчки во сон.

Некои се колнат во ефектите преку ноќ, но други ги користат лентите за моментално затегнување како „драг“ изведувачите и филмските ѕвезди. Лепењето на краевите на кожата на стратешки места околу лицето, повлекувањето и скриеното прицврстување во косата дава моментален ефект на фејслифтинг.

Предности на лепењето на лицето

Работата е во следново: ефектот на лепење и повлекување на кожата е неоспорен. Кога се користи за некој настан, може да ги сокрие знаците на стареење и да даде моментално затегнување на лицето. Сепак, користењето преку ноќ нема да ги намали вашите брчки трајно.

Исто така, користењето на лентите на начинот на кој ги користат филмските ѕвезди е слично како користењето шминка за покривање на несовршеностите на кожата. Ефектот е видлив, но не претставува долгорочно решение, ниту поправка. Со други зборови, тејпингот не може да ги замени beauty интервенциите, ниту темелната и континуирана нега.

Потенцијални несакани ефекти од тејпингот на лице

Дури и како краткорочно, моментално решение, лентите можат да бидат прилично непрактични. Ако не сте многу вешти (и немате професионален шминкер), тешко е да се камуфлираат лентите, дури и со силна шминка или перика. Освен тоа, лепилото на лентите може да ја иритира кожата и да предизвика алергиски реакции или црвенило.

Проблемот не е толку во лепењето и прицврстувањето, колку во вадењето. Лепилото е силно и цврсто држи, но кога ги вадите лентите, можете да ја оштетите бариерата на кожата. Исто така, ако лентите стојат предолго, можат да предизвикаат затнување на порите, воспалителни процеси и акни поради таложење на пот и себум.

Дали тејпингот на лице е добар избор за вас?

Доколку сакате да пробувате beauty трикови, пробајте го и овој, но имајте ги на ум сите предупредувања. Ноќниот тејпинг на лицето делува прилично бесмислено бидејќи вклучува долго држење на лентите и може да предизвика иритација, но многумина се задоволни од овој третман. Тејпингот за гламурозни цели е ефектен, но бара вештина. Тој може да биде корисен „хак“ за подобар изглед и поголема самодоверба кога ви е потребно да заблескате, но нема да ги намали вашите брчки, ниту ќе го спречи создавањето на нови.

Препораки од стручњаци

Најефикасниот начин вашата кожа да биде здрава и да старее грациозно е одговорната нега. Тоа вклучува:

  • Нанесување хидратантна крема со висок заштитен фактор (SPF 30+) секое утро.
  • Користење ретиноиди секоја вечер.
  • Масажа на лице, јога за лице и терапија со црвено светло.
  • Свилена перница: Наместо ноќен тејпинг, преминот кон свилена навлака за перница е уште полесно решение кое помага во спречување на гужвање на кожата додека спиете.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.