Овие 8 бои ќе ги носиме оваа зима – од цреша црвена до чоколадно кафена

Кога зборуваме за зимски модни трендови, бордо торбата е нашата нова опсесија и една од нијансите што вреди да ги внесете во вашиот зимски плакар.

boi-4950-fi

Извор: Easylife.rs

Зимата носи свежа палета на тонови и чувство на луксуз, удобност и раскош – а ова се токму боите што ќе ги гледаме насекаде во 2025 година.

Зимски нијанси 2025: Од земјени до светли и нежни тонови

Оваа сезона земјените бои како кафена, зелена и невен жолта се појавуваат во речиси сите комбинации, додека поинтензивните црвени и виолетови нијанси внесуваат енергија и живост. Покрај нив, изненадувачките тонови како пудра розева и ледено сина додаваат разиграна свежина.

Чоколадно кафена

Чоколадната кафена е една од најистакнатите бои оваа зима и ја има буквално секаде  од монохроматски комбинации до модни додатоци. Природно ја заменува црната, го освежува стилот и ги истакнува текстурите. Одлично функционира како неутрална база и лесно се комбинира со сите есенски и зимски тонови. Ако допрва ја воведувате во гардеробата, почнете со кожен ремен, чизми или торба.

Виолетова

Виолетовата, позната по својата длабочина и елеганција, е силна зимска нијанса што одговара на речиси секој тен. Благодарение на балансот на сини и црвени подтонови, можете да изберете пастелно виолетова, потемна „слива“ нијанса или нешто помеѓу. Совршено се вклопува со зимски бели, сиви и црни комбинации, а особено убаво изгледа во кашмир, волна или сомот.

Бордо

Бордо останува еден од најпрепознатливите зимски тонови, а неговата популарност само расте во 2025 и 2026 година. Доволно е темен за зимски стил, а сепак доволно впечатлив за да внесе динамика. Одлично се комбинира со крем, сиво, тегет, црно и беж. Бордо палта, кожни јакни, плетени џемпери и аксесоари се идеален начин оваа боја да ја поставите во центарот на вашите зимски комбинации.

Цреша црвена

Црвената секогаш има свое место во зимата, но оваа година цреша црвената доминира со својот интензитет и свежина. Внесува драматичен контраст било како мал детал, било како целосен аутфит. Можете да ја носите суптилно преку торби, шаловите или ракавиците, или храбро, преку палто, фустан или сет во една нијанса. Совршена е и за дневни и за вечерни комбинации.

Ледено сина

Ледената сина ја осветлува зимата со својот чист, модерен и софистициран изглед. Ја видовме многу на модните писти за FW 25/26, особено во форма на костуми, фустани и долги капути. Во комбинација со сиво, бело и сребрено изгледа навистина футуристички. Можете да ја носите како ролка, палто од волна или во форма на суптилен аксесоар.

Невен жолта

Жолтата имаше силна година, а за зимата доминира топлата, впечатлива невен жолта. Внесува оптимизам и е токму спротивното од типичните темни зимски бои. Особено убаво изгледа во свила, плетени фустани, блузи и миди сукњи. Инспирирана од сончогледи и есенско лисје, таа додава природна топлина во студените денови.

Пригушено зелена

Пригушените зелени нијанси ја преземаат водечката улога откако летните, појарки тонови остануваат зад нас. Маслинесто зелена, сиво-зелена и темно зелено-тегет нијанса делуваат елегантно и софистицирано, и лесно се комбинираат со беж, крем и тауп. За опуштен стил, носете маслинесто зелени панталони со бомбер јакна; за нешто поформално – плетен џемпер во teal нијанса со класична сукња или сатенски фустан во sage тонови.

Пудра розева

Пудра розевата е вистинско изненадување во зимските комбинации – нежна, модерна и минималистичка. Ја гледавме на повеќе FW25 ревии, а одлично функционира како контраст на темни зимски тонови. Можете да ја комбинирате тон-на-тон (краток џемпер со широки панталони), или да ја внесете преку детали: торба, шал или ниски kitten-heels чевли. Оваа боја е лесна за носење и суптилно ја истакнува женственоста.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.