Ако сте подготвени да го освежите домот, а не знаете од каде да почнете, еве 50 работи што можете да ги решите во интервали од само 15 минути!
5 совети пред да започнете
- Не „лутајте“ од просторот што го чистите: Не почнувајте во една соба, па да преминете во друга пред да завршите. Фокусирајте се на една точка.
- Одредете фиксно време: Без разлика дали е додека децата се во училиште или пред спиење, структурата го намалува стресот.
- Поставете тајмер: 15 минути се доволни за ласерски фокус. Кога ќе заѕвони, преминете на следната активност.
- Чувајте или фрлете: Ако не сте го користеле предметот повеќе од една година, веројатно не ви треба. Донирајте го. Сентименталните работи чувајте ги во посебна кутија.
- Направете листа на „скриени“ места: Фиоките за ситници се најголемите „крадци“ на простор.
Ултимативна листа по зони (15 минути по ставка)
Ходници и претсобје
- Влезен простор
- Плакари во претсобјето
- Полица за чевли
- Скалила
Кујна
- Работна површина
- Фиока за ситници
- Фиока за кујнски прибор
- Кујнски елементи и полици
- Полици во фрижидерот
- Горната површина на фрижидерот
Трпезарија
- Трпезариска маса
- Комода
Дневна соба
- Клуб масичка
- Помошни масички
- ТВ полица/конзола
- Регал или плакар
- Простор за складирање под каучот
Детска соба
- Корпа за играчки
- Плакар
- Работна маса
- Полица за книги и друштвени игри
Спална соба
- Ноќни масички
- Површина на комодата
- Гардеробер
- Простор за постелнина
Извор: lummi.ai
Бања
- Полици за одлагање
- Шкафче за козметика и лекови
- Просторот под лавабото
- Несесери за шминка
Перење и пеглање
- Горната страна на машината за перење/сушење
- Полица во пералната
- Купот „изгубени“ чорапи
- Чист веш кој чека пеглање
Остава
- Простор за метли и средства за чистење
- Кутија за алат
- Полици во шпајзот
- Детски играчки за надвор
Работен агол
- Полица за книги
- Работна маса
- Фиока за документи
Градина или тераса
- Градинарски мебел
- Градинарски алат
- Агол за седење на терасата
- Полица за саксии
Автомобил
- Предна конзола
- Задно седиште
- Багажник
Разно
- Поткана (прозорски праг)
- Куп со пошта и сметки
- Простор и работи за миленичиња
Прилагодете ја оваа листа на потребите на вашето семејство. Не грижете се за тоа колку време ви треба за сè – држете се до тајмерот и уживајте во постепеното средување без притисок.
Извор: easylife.rs