Карусел пораките им овозможуваат на компаниите од различни сектори во една порака да прикажат до пет сликовити картички што се движат настрана. Секоја картичка може да содржи слика, текст, емотикони и до две интерактивни „call-to-action“ копчиња, кои го водат корисникот директно кон веб-страница или онлајн продавница. Овие пораки им овозможуваат на брендовите да споделуваат групни промоции, препораки за производи, понуди со ограничено времетраење, новитети во понудата и многу повеќе, додека корисниците лесно можат да прелистуваат и изберат што им е најинтересно.
Клучни предности на Карусел пораките:
-Подобрено корисничко искуство преку прегледен, листачки формат на содржина;
-Поголем број на кликови до целта преку привлечна и визуелно богата содржина;
-Зголемена продажба преку директни линкови што овозможуваат брза куповка;
Листите со пораки им нудат на корисниците до пет однапред дефинирани одговори на кои можат да кликнат, што ги прави идеални за активности како потврди на резервации, закажување испораки или собирање повратни информации. Кога корисникот ќе избере една од понудените опции, таа автоматски се испраќа како порака, што им овозможува на бизнисите брзо и автоматски да одговорат.
Клучни предности на Листите со пораки:
-Поттикнување на разговор преку брзи и насочени одговори;
-Зголемување на интеракцијата преку јасни и едноставни избори;
-Заштеда на време преку автоматизација на повторливи задачи со однапред подготвени опции;
Овие две нови решенија го надополнуваат постоечкиот сет на богати деловни пораки на Viber, овозможувајќи им на брендовите персонализирана еден-на-еден комуникација со своите клиенти и потрошувачи.
„Нашата мисија е да бидеме препознаени како супер-апликација, подеднакво корисна за корисниците и за бизнисите,“ нагласува Кристина Констандаче, директорка на секторот за приходи во Rakuten Viber. „Со цел да одговориме на растечките потреби на двете групи, постојано ја развиваме и унапредуваме нашата понуда. Каруселот и Листите со пораки се дизајнирани да ги исполнат очекувањата за побрзо, поинтерактивно и автоматизирано дигитално искуство, што може значително да придонесе за раст на продажбата и приходите на бизнисите.“
Каруселот и Листите со пораки моментално се достапни за партнерите кои сакаат меѓу првите да ги применат, додека за сите останати деловни корисници ширум светот ќе бидат достапни во наредните недели.
Извор: web-min.rs