HBO Max повторно на сцената

Се сеќавате ли на моментот кога HBO Max наеднаш исчезна и стана „Max“? Како некој да ти го избрише споменот од омилената серија, а да се очекува да продолжиш да ја сакаш. Стерилно, нејасно, без душа. Сите знаевме дека нешто недостасува, и конечно тоа што никогаш не требаше да се тргне, се враќа.

hbo-3627-fi

Извор: Unsplash

Неодамна опственикот на Hbo Max Warner Bros. Discovery призна дека промената на името не го даде очекуваниот ефект. Платформата која со години важеше за симбол на квалитет и престиж, беше сведена на едноставен, генерички бренд  „Max“. Иако содржината сè уште беше тука, како да исчезна идентитетот. Оваа промена ја почуствуваа сите, интернетот беше безмилосен, а социјалните мрежи како Х (поранешен Twitter) буквално гореа. Коментарите беа саркастични, болни, но реални.

Во текот на изминатата година, по ребрендирањето, „Max“ загуби голем дел од публиката. Бројките тоа јасно го покажаа,  во првиот квартал по промената, Warner Bros. Discovery изгуби околу 1.8 милиони претплатници, што беше аларм за компанијата да преземе нешто.

И сега, по цела една година неуспешен „rebrand“, HBO Max се враќа ова лето. Без маркетинг, без изговори, туку со вистинска реакција. Она што публиката го мислеше цело време.

На крајот публиката конечно доби признание. Признание дека не е сè до новото, туку до она што прави да се чувствуваме поврзани. А HBO отсекогаш го правеше тоа. Сериите ни стануваа ритуал, а филмовите разговори во друштво. Името значи нешто и сега повторно ќе значи.

Можеби ова е првпат некоја голема компанија навистина да ги слушне своите фанови. Или барем првпат да признае дека не ги послушала навреме.

Останува да видиме дали враќањето на името HBO Max ќе биде вистинскиот потег што ќе ја врати довербата и претплатниците. Можеби компанијата призна дека згрешила, но во време каде што вниманието тешко се задржува, прашањето е: дали вториот обид ќе биде доволен за повторно да се освои публиката?

Извор: WebMind редакција

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.